Претседателот Ѓорѓе Иванов ги обвини соседните држави за мешање во внатрешните работи на Македонија. На денешната средба со министерот за Европа на Обединетото Кралство, сер Алан Данкан, Иванов изрази незадоволство од недостатокот на јавна осуда за мешањето на соседните држави во внатрешните работи на Македонија, соопштија од кабинетот на претседателот. Иако не се споменува за која соседна држава станува збор, високи државни функционери ги интензивираа критиките кон Тирана за вмешување во внатрешните работи на Македонија после ангажманот на премиерот, Еди Рама, во олеснувањето за постигнувањето на платформата на Албанците. Сепак, Иванов не штедеше критики ниту за НАТО која ја обвини за спроведување на двојни стандарди во однос на Македонија.
Ех колкку се мешале соседите па никој не плачел оти кога вака ги обвинуеш тие ти се смеат на умот. Треба да ги игнорирамеи да ги нервираме. Плачењето не помага дека ни се мешале. Можат па се мешаат.Сами сме си криви.