СДСМ рече ке има генерален избор на судии, ама овие од ВМРО одма праат контра и реизборот го прават на мала врата. Мислам дека има политика тука.
Не ги жалам, судиите тие се се она што пишуе во ПРИБЕ извештајот за судството од прв до последен на чело со сите претседатели и функционери.
Татјана Михајлова чистела во судот за Велигден или за прочка како секоја добра домакинка на која стопанот и рекол да позачисти малку у кучата за празниците кои се ближат.
Ех долга е раката на партиите дошла до судството.
Ја да сум како судиите што се сменети ке си уживам. Земај Плата клати врата.
Текстови о двесници
Приговор до Врховниот суд. Ова е правниот лек што им останува на десетина судии од Основниот суд Скопје 1, незадоволни поради нивното распоредување во други оддели или судови, врз основа на Годишниот распоред на судии. Промената во распоредот денеска ја зовре атмосферата во Кривичниот суд, која е прилично поларизирана уште од крајот на минатата година.
„Класична чистка“ - е најчестиот збор со кои судски извори ја опишуваат постапката на в.д. претседателката на Кривичниот суд Скопје, Татјана Михајлова, во чија надлежност е изработката на Годишниот распоред за судиите. Како аргумент за ова тврдење го посочуваат фактот дека „случајно“ се прераспоредени најмногу од оние чии потписи биле на листата од 12 судии, кои до Судскиот совет го искажаа нивното незадоволство од работењето на претседателот на Судот, Владимир Панчевски (кому во декември му истече мандатот, а пледира на истата функција) и оние кои ги прифаќале барањата на Специјалното јавно обвинителство.
Судскиот совет без маханизам
Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, не сака да го коментира ваквото толкување на новиот распоред.
„Не можам јас да кажам дали се работи за реваншизам или одмазда. Нивен личен став е дали се чувствуваат онеправдени или не. Судија е судија, без разлика дали работи на кривични или прекршочни предмети. Судиската одговорност е иста и во двата случаја“, вели Караџовски.
Неофицијално, од Кривичниот во Судот за прекршоци биле прераспоредени судиите Драган Николовски, Седат Реџепагиќ, Оља Ристова и Марија Марковска. Судијката Весна Димишкова која работела на претходна постапка, а беше посочувана како судијката што го издала налогот СЈО да влезе во УБК, била распоредена во Одделот за малолетници. Судијката Славица Андреевска која ја замрзнала сметката на фирмата „Финзи“ определила притвор за градоначалникот на Битола, Владимир Талески и издала налози за предметот „Трезор“, била распоредена на предмети, кои нема да имаат никаква допирна точка со предмети на СЈО.
Може ли Судскиот совет да реагира на новиот распоред, кој ги подгреа сомнежите за политичка мотивираност?
„Не може“, вели Караџовски.
„Според став 4, од членот 39 во Законот за судови, судиите може да дадат приговор за Годишниот распоред само до Врховниот суд. Судскиот совет може да расправа само ако во текот на годината, по исклучок и против негова волја, одреден судија биде распореден од еден оддел во друг, или од еден суд во друг. Во однос на Годишниот распоред немаме никакви законски механизми за делување. Од тој аспект, не можеме ни да го коментираме Годишниот распоред, бидејќи со тоа би навлегле во работата на в.д претседателката на Судот и на нејзините законски надлежности“, објаснува претседателот на Судскиот совет.
Партиите ги вкрстија копјата
Состојбите во Судот брзо се префрлија на политичко поле.
„Криминалната власт не може да ги спречи правдата и промените“, порача денеска СДСМ.
„Никој и ништо нема да ја спречи правдата. Во Република Македонија ќе има правда, а сите кои правеле криминал и зло дела ќе одговараат. Така одлучија над 612.000 граѓани и тој процес е незапирлив. Ќе се спроведат темелни реформи според извештаите на Рајнхард Прибе и на Европската комисија, што ќе обезбедат независни институции. Ќе има целосен реизбор на судии. Судиите ќе работат во заштита на граѓаните, а не по партиски директиви како досега. Затоа сите обиди на криминалците, и надежите дека може да ја избегнат правдата - се јалови“, се вели во соопштението на СДСМ.
„Никој и ништо нема да ја спречи правдата. Во Република Македонија ќе има правда, а сите кои правеле криминал и зло дела ќе одговараат. Така одлучија над 612.000 граѓани и тој процес е незапирлив. Ќе се спроведат темелни реформи според извештаите на Рајнхард Прибе и на Европската комисија, што ќе обезбедат независни институции. Ќе има целосен реизбор на судии. Судиите ќе работат во заштита на граѓаните, а не по партиски директиви како досега. Затоа сите обиди на криминалците, и надежите дека може да ја избегнат правдата - се јалови“, се вели во соопштението на СДСМ.
Граѓаните еднаш видоа како СДСМ во потполност да го окупира судството, одговори ВМРО-ДПМНЕ.
„СДСМ е дувло и синоним за криминалот. СДСМ е водена од аболициран криминалец и врши континуиран притисок врз судството. Македонија еднаш виде како изгледа кога СДСМ во еден ден менува 617 судии и обвинители со такви по свој терк. Јавноста со свои очи виде и како експонентот на СДСМ во правосудството СЈО си ги штити своите пулени. Јанева го ослободи Верушевски, го аболицираше по втор пат Заев и спроведува отворена хајка против ВМРО-ДПМНЕ. Судството не смее да потклекне пред заканите на СДСМ“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Во Судот со загриженост ги следат „новите состојби“, бидејќи сметаат дека тие во голема мера може да ја оневозможат правдата.
Хаос и револт го тресат Основниот суд Скопје 1 каде што стигаат предметите од Специјалното обвинителство, откако в.д. претседателката Татјана Михајлова направила нов Годишен распоред на судии со кој спровела чистка на судиите на кои предметите на СЈО не смеат ни случајно да им паднат во раце, дознава САКАМДАКАЖАМ.МКод извори во Кривичниот суд
Дваесетина судии, меѓу кои и такви со подолг стаж во Кривичниот суд, од необјаснети причини се преместени во Судот за прекршоци во Градскиот парк.
Годишниот распоред, тврдат прераспределените судии кои вчера го добиле документот велат дека иако распоредот се уште не е потпишан од претседателката на судот, ова не само што е преседан, туку е незаконска бомба за минирање на правдата во судот.
Со новиот распоред на судии настрадале судиите од претходна постапка Весна Димишкова и Славица Андреевска. Димишкова, која порано беше судија во организиран криминал е судијката што издала наредба за претрес од страна на СЈО во Управата за безбедност и контраразузнавање. Сега е преместена во одделот за малолетници.
Славица Андреевска е судијката што му одреди притвор на битолскиот градоначалник Владимир Талески, и ја замрзна сметката на фирмата Финзи на покојниот сведок на СЈО Коста Крпач. Таа е преместена да суди предмети по стариот ЗКП. Тоа бришење е направено со цел да нема ни најмалата веројатност неа повеќе да не и се падне предмет од СЈО, велат од судот нашите извори.
Настрадале буквално сите 13 судии кои поднесоа петиција против Владимир Панчевски и кои потоа беа викнати да дадат изјави и во Судскиот совет.
Долгогодишниот кривичар, судијата Седат Реџепагиќ е преместен во Судот за прекршоци. Однесена во Прекршоци е и Марија Клетничка. И таа е потпишана на петицијата против Панчевски.
Судијката Оља Ристова од Кривичниот дел повторно е вратена во Судот за прекршоци. Таа е судијката која се изјасни дека Кривичниот совет во судот е ненадлежен да одлучува дали бомбите на опозицијата можат да се користат како докази во постапките што ги води СЈО во овој суд. Втор пат е прераспределена поради пишувањето на брат и на Фејсбук против в.д. претседателката Михајлова.
Експретседателот Владимир Панчевски и кандидат за нов претседател на Кривичниот суд, пак, распореден е за судија во одделот за организиран криминал, каде што се судат предметите на СЈО.
Наградена е и судијката Лидија Петровска, од бомбите позната како „сваровски судијката“ која го води судскиот процес на СЈО против ексначалникот на УБК Горан Грујовски. Таа од кривичниот оддел за предмети по новиот ЗКП, преместена е до Панчевски, во организиран криминал.
Наградена е и судијата Моника Бахчовановска, сопруга на Владимир Бахчовановски, висок функционер од ВМРО-ДПМНЕ. Таа заедно со Панчевски и Михајлова, поднесувала претставки до Советот за утврдување н факти за разрешување на нејзини колеги судии. Таа од Судот за прекршоци, прераспоредена е во кривичен судија за предмети по новиот ЗКП.
Награден е и судијата Александар Милошевски, кој и е близок пријател на Александра Зафировска од Судскиот совет. Откако Советот во кој била Оља Ристова одбил да се изјасни за бомбите, нов совет во кој бил Милошевски заедно со Владимир Панчевски и судијата Сандра Крстиќ изгласале дека бомбите не може да се земат како доказ. Сега Милошевски ќе биде судија во претходна постапка за организиран криминал и ќе ги добива предметите од СЈО.
Судијата Ѓоко Ристов, кој одбивал наредби е тргнат од организиран криминал. На негово место е ставен судијата ивица Стефановски, кој ќе го преземе случајот “Поткуп“ против Зоран Заев. Тој беше судија во случајот “Пуч“, од кој СЈО се откажа.
На местото на Ристовски доаѓа „сваровски„ судијката Лидија Петровска, но таа не ги презема предметите од него, туку од Стефановски. Целта е Стефановски како човек од најголема доверба на Панчевски да го суди Заев, тврдат изворите на СААКАМДАКАЖАМ.МК.
Извор: СДК
И во Врховниот суд, исто како и во Основниот суд Скопје 1 е направена нова распределба на судиите во најважните оддели. Новиот распоред денеска бил дистрибуиран до судиите.
В.д. претседателката на Врховниот суд Снежана Бајлозова според новиот годишен распоред на судиите иако е избрана како граѓански судија во Врховниот суд, се распоредила во најважниот, Кривичниот совет на највисокиот суд во Македонија на местото на нејзината претходничка, експретседателката на Судот, Лидија Неделкова, која како судија – кривичар е сосема тргната од овој совет. Бајлозова ќе биде претседател на Кривичниот совет или Одделот за казниви дела.
Лидија Неделкова е прераспределена во одделот за судење во разумен рок, како член. Таа во ниеден од советите на Врховниот суд не е ниту претседател или заменик-претедател.
Во годишниот распоред, чија примена почнува од први март годинава, в.д. претседателката Снежана Бајлозова ќе членува и во повисоките совети на Врховниот суд кои ќе одлучуваат по жалбите постапки против одлуките што ги носеле советите во кои и таа претходно учествувала во носењето на одлуките.
Бајлозова е прва и во Одделот за судска пракса, покрај уште 6 врховни судии.
Иако е граѓанската судијка Бајлозова ја нема во Одделот за граѓански дела.
Во годишниот распоред пишува и дека “претседателот на одделот Снежана Бајлозова не се задолжува со предмети како судија – известител“. Но затоа, пак, со новиот распоред таа станува судија кој ќе одлучува по барањата за донесување на наредба за следење на комуникациите според Законот за следење на комуникациите (или закон за прислушкување). Пред неа, овие одлуки ги носеше поранешната претседателка Лидија Неделкова.
Новиот годишен распоред за работата на судиите во највисокиот суд во Македонија е донесен во исто време кога и в.д. претседателката на Кривичниот суд Татјана Михајлова донесе нов распоред на судии. И распоредот на Михајлова стапува во сила како и тој на Бајлозова, од први март годинава.
Михајлова прераспореди меѓу 15 и 20 судии од своите работни места и од предметите што ги работат, преместувајќи ги дел во Судот за прекршоци под казна, дел во оддели кај што се судат стари предмети, според претходниот Закон за кривична постапка.
За барањата за заштита на законитоста на постапките во врска со истрагите што ги води СЈО, ќе одлучува Врховниот суд.
С. К. ДЕЛЕВСКА
С. К. ДЕЛЕВСКА