- Чавка умот му го испила. (не е добар во умот; се пореметил во умот) на лидерот Лавовско Срце и неговите чавки.
Во македонското традиционално верување, чавката е предвидувач на времето, и добро и лошо: „Чавките најпоеќе праат ѓурултија приквечер за да кобат да го расипат времето, а пак за да го напраат времето од лошо на убао,се збираат наутро и не праат ѓурултија голема ами тивко ќе се збираат по највисоките куќи и тивко грачат, како да се радуат. Штом ги виде така, чекај убао време во најлошата зима.“ Ако наутро се забележи чавката да бара по земјата јадење, значи дека зимата ќе биде студена и со снег. Летото ќе биде дождливо. Според други верувања, ако чавките летаат одозгора надолу, сабајлето ќе врне дожд, ако летаат надолу пополека, ќе врне тивко, ако летаат силно, ќе врне силен дожд, а кога се качуваат на врв на топола, навестуваат лошо време.[26]
Според „Речникот на јужнословенската митологија“, чавката е птица која навестува зло, штета, елементарна непогода, смрт. Доколку чавките облетуваат околу нечија куќа, се верува дека таму мора некој да умре, а наезда на чавки прорекува неплодна, гладна година. [27]
Во современиот македонски јазик употребуваме неколку фразеологизми поврзани со чавките:
- Чавка умот му го испила. (не е добар во умот; се пореметил во умот)
- Уште му лета умот по чавките. (недораснат, несозреан)
- Зјапа по чавките. (не внимава)
и пословицата:
- Чавка со чавка очите не си ги вадат