Monday, February 20, 2017

на ортома да го видам

За клетви и адети во Македонија има една ли појке книги од М.Китевски , па денеска си ја читам малку. Ајдук да биде, та на ортома да го видам. Ајдук станал последните 10 години , а сега и ортома не му гине.

http://cooltura.mk/etnologija/obichai-i-veruvanja-makedonskite-narodni-kletvi 

Се смета дека клетвата достига до деветото колено. Ако не го стигне тој кому му е упатена ќе го стигне некој негов наследник. Претседателот Иванов рече еднаш до 7 колено ама адетот е до 9 колено.
Тие се спротивни на благословите и со клетвите се посакува зло, несреќа, како на луѓето така и на стоката, земјоделските култури и сл. Особено повеќе колнат жените, позната е мајчината клетва, но за тешка се смета и татковата клетва, како и кумовата клетва.
Така на пример при изведувањето на обредот С’крсти, се причестувало едно дрво кое било бележито (трешчено дрво, односно дрвоврз кое паѓале громови, било вакафско и сл.). Се дупела дупка со сврдел, во неа се ставала нафора и вино и се затворало со клоин. Свештеникот по молитвите за богат род на земјоделските култури проколнувал: „Аир да не видит тој што ќе сечит од шумава. Да му се сотрит фамилијата, ако некој ја сотрит шумава“. Сите присутни сикале. „Амин.“ Потоа плашејќи се од клетвата никој не сечел од шумата.
Таков обред за ТИРАНИНОТ и неговите роднини соберени во ДУВЛОТО треба МПЦ да напраи оти свештеник треба свештеник владика некој поголем.
Тогаш сите луѓе се собирале на едно свето место (свето дрво и сл.) ги симнувале капите и колнеле повикувајќи го Господ и светците да го казнат тој што го направил делото.
Потоа секој од присутните фрлал по еден камен на одреденото место и така се правел куп од камења. Тој куп никој не смеел да го растура туку дури и секој минувач фрлал камен кога тука ќе минувал и тој проколнувајќи го кривецот.И петре М Андреевски во една од неговите книги го кажуе овој адет со куп камења.Значи КУП КАМЕЊА споменик на плоштад.
Македонците треба да се соберат во храмовите оти други свети места нема се што треба  да е свето е со украдени пари од народот напраено.