Saturday, February 18, 2017

Задушница и Охридски рамковен договор

https://mk.wikipedia.org/wiki

Охридски рамковен договор

НА ПОТПИШУВАЊЕТО БОРИС РЕЧЕ ГОСПОД ДА НИ Е НА ПОМОШ, А ГО ДОПОЛНИЈА И АЛАХ ДА НИ Е НА ПОМОШ.И ЕВЕ ГО.....10. Завршни одредби 10.1. Овој Договор стапува на сила со негово потпишување. 10.2. Верзијата на англиски јазик на овој Договор е единствената автентична верзија. 10.3. Овој Договор се водеше под покровителство на претседателот Борис Трајковски. Потпишан во Скопје, Македонија, на 13. август 2001 на англиски јазик. ИМА ЛИ НЕКОЈА ШТО ЗНАЕ АНГЛИЈСКИ ДА ГО РАЗЈАСНИ Потписот на ВМРО ДПМНЕ И НА СДСМ.
Охридскиот рамковен договор — договор за внатрешното уредување на малцинските права во Република Македонија, потпишан на 13 август 2001 година помеѓу претставниците на тогашните најголеми политички партии и специјални претставници на ЕУ и на САД. Охридскиот договор е склучен во текот на ескалацијата на насилства помеѓу етнички албанската ОНА и македонските вооружени сили во Конфликтот од 2001. Поради тоа, многу граѓани, особено од македонска националност, го сметале договорот за насилно изнуден и неприфатлив.[1][2][3][4][5]
Осум години подоцна (2009), експертите и граѓаните се сѐ уште поделени околу тоа дали е Охридскиот договор извор на стабилност или, напротив, извор на нестабилност за Република Македонија. Сепак, договорот и понатаму доследно се спроведува и се претвори во платформа за промоција и заштита на правата на албанското малцинство.[6][7][8]

Потписници[уреди | уреди извор

По завршувањето на преговорите во Охрид, на 13 август 2001 во Скопје договорот го потпишале (по азбучен ред):

Ако ЦАЦКО не се потпишал НЕ ВАЖИ. Овие двата кадри од ВМРО ли се или не се .


Содржина на договорот[уреди | уреди извор]

Рамковниот договор целосно и безусловно ја отфрла употребата на насилството за остварување на политичките цели. Само мирни политички решенија можат да ја гарантираат стабилната и демократска иднина на Македонија. Суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија и унитарниот карактер на државата се неповредливи и мора да се сочуваат. Не постојат територијални решенија за етничките прашања. Во тој контекст, Договорот предвидува целосен прекин на непријателствата, разоружување на етничките албански вооружени групи и нивно целосно распуштање.
Охридскиот договор потенцира дека развојот на локалната самоуправа е од најголемо значење за почитување на идентитетот на заедниците. Со Рамковниот договор се предвидува да се ревидира Законот за локална самоуправа со кој ќе се зајакнат овластувањата на избраните локални претставници и значително ќе се зголемат нивните надлежности во согласност со Уставот и Европската повелба за локална самоуправа.
Договорот предвидува целосно почитување на принципот на недискриминација и рамноправен правичен третман на сите лица пред законот. Овој принцип особено ќе се применува во однос на вработувањата во јавната администрација и јавните претпријатија. Во Уставниот суд, една третина од судиите ќе се избираат од страна на Собранието, со мнозинство од вкупниот број на пратеници, припадници на заедниците. Истата постапка важи и за изборот на Народниот правобранител и на тројцата членови на Судскиот совет.
Новина е што на централно ниво, уставните амандмани и Законот за локална самоуправа нема да можат да се усвојат без квалификувано двотретинско мнозинство, при што ќе мора да има мнозинство од гласовите на пратениците што припаѓаат на заедниците. Истиот принцип важи и за донесување на закони што директно ги засегаат културата, употребата на јазикот, образованието, личните документи и употребата на симболи, како и законите за локално финансирање, локални избори, градот Скопје и за општинските граници.
Во однос на основното и средното образование, наставата ќе се изведува на мајчините јазици на учениците. Финансирање од страна на државата ќе се обезбеди за високо образование на јазиците на кои што зборуваат најмалку 20% од населението во Македонија. Низ цела Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик. Кој било друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од населението, исто така е службен.
Во однос на симболите, Охридскиот договор предвидува непосредно до симболот на Македонија, локалните власти да може на предната страна од локалните јавни објекти да постават симболи со кои се обележува индентитетот на заедницата која е мнозинство.
Договорот е составен од три анекси:
  • анекс А за уставни амандмани,
  • анекс Б за измени во законодавството и
  • анекс Ц за имплементација и мерки за градење на доверба.
Во анексот А стои дека сегашната Преамбула на Уставот на РМ се заменува со јазик заснован врз концептите на индивидуални права и граѓанско општество:
"Граѓаните на Република Македонија, преземајќи ја одговорноста за сегашноста и иднината на нивната татковина, свесни и благодарни на своите предци за жртвите и посветеноста во нивните заложби и борба за создавање на самостојна и суверена држава Македонија и одговорни пред идните генерации за зачувувањето и развојот на се што е вредно од богатото културно наследство и соживотот во Македонија..."
Анексот Б предвидува измени во законодавството. Предвидено е донесување на повеќе закони меѓу кои и законот за локална самоуправа, законот за локално финансирање, за територијална поделба, за изборни единици, потоа нов деловник на Собранието, закони што се однесуваат на употребата на јазиците и други.
Анексот Ц се однесува на имплементацијата на Договорот и мерките за градење на доверба. Овде се регулирани прашањата за пописот, изборите, враќањето на бегалците и улогата на меѓународната заедница.
6. Образование и употреба на јазиците 6.1. Во однос на основното и средното образование, наставата ќе се изведува на мајчините јазици на учениците, а истовремено во цела Македонија ќе се применуваат унифицирани стандарди за академските програми. 
6.2. Финансирање од страна на државата ќе се обезбеди за високо образование на јазиците на кои што зборуваат најмалку 20 проценти од населението во Македонија, а врз основа на посебни спогодби.
 6.3. При уписот на државните универзитети на нови студенти, кои припаѓаат на заедници кои не се мнозинско население во Македонија, ќе се применува принципот на позитивна дискриминација се додека уписот правично не го одрази составот на населението во Македонија. 
6.4. Низ цела Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик.
6.5. Кој било друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од населението, исто така, е службен јазик, , како што е овде образложено. Во органите на Република Македонија, кој било службен јазик различен од македонскиот може да се употребува во согласност со законот, како што понатаму е елаборирано во Анекс Б. Кое било лице што живее во единица на локална самоуправа во која најмалку 20% од населението зборуваат службен јазик различен од македонскиот, може да употребува кој било службен јазик за да комуницира со регионалната канцеларија на централната влада, надлежна за таа општина; таквата канцеларија, ќе одговори на тој јазик, дополнително на македонскиот. Кое било лице може да употребува кој било службен јазик за да комуницира со главна кацеларија на централната влада, кој ќе му одговори на тој јазик, дополнително на македонскиот. 
Во книгата Улогата на разузнавањето во противбунтовништво, од Александар Илиев,2014, се наведува дека содржината на Охридскиот рамковен договор во основа ги содржи гледиштата на САД за потребни реформи во Македонија изнесени уште во периодот од 1994 до 1996 година, а кои се однесувале на човековите права и правата на етничките Албанци,но не и првичните барања на ОНА за отцепување на албанските области од Македонија.[2]