Tuesday, February 28, 2017

Protesti

Da ne bese organizatorot nemase da ja znam ovaa pesnicka za kafeansko raspolozenie


Monday, February 27, 2017

Очајно

Киро Глигоров очајнички велеше Не ме оставајте сам кога ВМРО ја признаваше ТАЈВАН државата.

Сега Груевски исто некако во очај му нуди на СДСМ 100 пратеник само да не ја прифаќа платформата на албанците. Па то је немогуче што смислил Грувски само да се гребе кај гласачите и ако мисли дека за сто години кога децата ке учат историја ова ке влезе како историска политика мислам дека греши баткото/.

Во историја ке влезе дека со ДУИ владеел 10 години , дека ДУИ со АРМ ги чевствувал УЧК и многу други работи како онаа со прислушување и богатење и уништување на човечки судбинин само од бес и кеиф да им тече низ ногавици како и создавање на окални мокници господари на смртта и животт во тајните и јавните служби од кои како во отоманска империја плаче цела Македонија.

Затоа повикот до СДСМ против платформи на политички легално избрани албански партеници со фул мандат е само ФИНТА.

Финтиоте на Заев и СДМ допрва ке ги видиме , ама сега ФИНТИТЕ на Гревски с епровидни и ме потсетуваат на таа очајната на Дедо КИРО едно време 1999 година пред војната со албанците.

Со ситни души борба не се води за народ име и идентитет, а кога бомбите на Заев слушаме како с епазареле за името со Грците каков образ има Груевски. Па му белее косата му белее од нервоза од неговите.

Sunday, February 26, 2017

Непростено да ти е

Нема да му простам никогаш на Никола Коле никогаш и неговата фамилија, братучедска што на правдина ми сториле. Ако е празник, за нив празник нема туку до 9 колено проклети да се. Не само тоа туку во мојот дом за него место нема ниту кога тресе зелени на телевизија. 
Никола тоа си го знае од неговата тајна служба поранешни кадри на СДСМ прелетени во ВМРО кои плански и организирано го држеа во параноја и стаклена тегла, а сега ме третираат плански и организирано.

За моите други драги луге секако празни е. Прочка претставува голем празник за македонскиот народ и со него се поврзани голем број обичаи и верувања. Очигледно е дека проштевањето е обичај востановен под влијание на црквата, додека огновите, гатањата, карневалите и сл. се остатоци од претхристијанските пролетни забави.
Празникот Прочка или Велики Поклади, меѓу народот познат и како Проштени Поклади, спаѓа во најголемите христијански празници, според некои веднаш по Божик и Велигден. Овој празник доаѓа по неколкуте зимски празници како што се: Бадник, Божик, Водици, Св. Трифун и ги поврзува со поголемиот број пролетни празници како што се: Тодорова Сабота, Летник, Св. 40 маченици (Младенци), Благовештение, Цветници, Лазарева Сабота, Велигден, Ѓурѓовден и др.
Со Прочка започнуваат и долгите Велигденски пости, период исполнет со многу обичаи и верувања, со многу одречувања и надежи за пречек на Христовото воскресение (Велигден) за причесна и идентификација со Спасителот Исус Христос.
На Прочка се изведуваат богати обичаи како што се проштевањето (оттука и празникот го добил името), потоа амкањето, обредните огнови, богатата трпеза, гатањето за живот и среќа, обичаите за очистувањето од болви, вошки и други штетници итн. Очигледно е дека некои обичаи како што е на пр. проштевањето имаат христијанска основа, додека другите се остатоци од претхристијанските пролетни празнувања.
Кога станува збор за празникот Прочка не смее да се изостават деновите што му претходат на овој празник.
Една недела пред Прочка (поточно во саботата) е Задушница. На задушница на гробовите на жртвите на модеррното владеење на ВМРО реков прочка нема за душмани.
Саботата пред Прочка во некои краишта на Македонија е познат под името Умрело дете за баничка, во други, само Дете за кора. Тоа е поврзано со легендата за некое сиромашко дете коешто гледајќи како богатите секој ден носат сукани јадења на фурната побарало од мајка му да му меси баничка. Мајка му, бидејќи немала брашно постојано го лажела дека следниот ден ќе му меси, а детето чекајќи и плачејќи умрело. За спомен на тој ден и на тоа дете останало на овој ден да се меси баничка, зелник или друга храна и да се раздава.
Неделата пред Прочка се вика Месопусна или Месна недела, а некои ја викаат и Месни поклади зашто на тој ден се запокладува (односно се запостува) со месо, месни производи и свинска маст. Овој период од седум дена од Месни поклади до Прочка се вика и Сирна недела или Сирници поради тоа што во овој период се јадат млечни производи. Некои ја викаат и Бела недела. Според преданието на некој што умрел во текот на овие денови во забите му нашле месо што го сметале за причина за смртта. Оттогаш останало строго да се внимава во текот на Сирната недела да не се јаде месо.
Од Сирни поклади, односно од Прочка не се јадат и млечни производи со што започнуват големите, долги седум недели, Велигденски пости, што траат до Велигден.
Обичајот проштевање тргнува од христијанското сфаќање за помагање и проштевање меѓу луѓето. Се верува дека на овој ден и небото и земјата се проштеваат па тоа треба да го сторат и луѓето. Небото затоа што ѝ погрешило на земјата со громови, мразеви, поројни дождови и сл. бара прошка.
И луѓето еден од друг бараат прошка за грешките.
Притоа, секогаш помалиот бара прошка од постариот, децата од родителите, крштеникот од кумот, а се проштеваат и пријатели, роднини, соседи итн.
Откако три пати ќе се поклони помладиот му вели на постариот: „Прости ми!“, на што овој одговара: „Простено да ти е и од мене и од Господа“, или само: „Просто да ви е“.
Празникот Прочка претставува голем празник за македонскиот народ и со него се поврзани богати обичаи и верувања.
Очигледно е дека проштевањето е обичај востановен под влијание на црквата, а забавите, како што се оние околу огновите, гатањата за среќа, карневалите и сл. се остатоци од претхристијанските пролетни забави

Saturday, February 25, 2017

Kapetan Jack


Kapetan Jack na branikot na slobodata od patriotskite komitadzii slugi na sosednite golemi carstva, kralstva i knezevstva, 

Steta sto nemame more.

Vreme e Dzek da si go podigne odrabotenoto i dogovorenoto



Friday, February 24, 2017

Сами сме си виновни

Претседателот Ѓорѓе Иванов ги обвини соседните држави за мешање во внатрешните работи на Македонија. На денешната средба со министерот за Европа на Обединетото Кралство, сер Алан Данкан, Иванов изрази незадоволство од недостатокот на јавна осуда за мешањето на соседните држави во внатрешните работи на Македонија, соопштија од кабинетот на претседателот. Иако не се споменува за која соседна држава станува збор, високи државни функционери ги интензивираа критиките кон Тирана за вмешување во внатрешните работи на Македонија после ангажманот на премиерот, Еди Рама, во олеснувањето за постигнувањето на платформата на Албанците. Сепак, Иванов не штедеше критики ниту за НАТО која ја обвини за спроведување на двојни стандарди во однос на Македонија.

Ех колкку се мешале соседите па никој не плачел оти кога вака ги обвинуеш тие ти се смеат на умот. Треба да ги игнорирамеи да ги нервираме. Плачењето не помага дека ни се мешале. Можат па се мешаат.Сами сме си криви.

Wednesday, February 22, 2017

Енглезите Идат

Ке се искрца Министер некој од Велика британија во наша Македонија. Да се подигне безбедноста може навијачи ке води еден два авиона па ке пијат пиво низ скопје и ке праат бељи. Добро дошол.

Британскиот министер за Европа и Америка Алан Данкан утре доаѓа во прва посета на Македонија со порака дека нема демократски вредности без динамично граѓанско општество и без независно судство. Данкан доаѓа во Македонија за, како што вели, да ја потврди цврстата посетеност на Велика Британија кон Западниот Балкан.

Ете идеална прилика на македонските екперти од Владата на Република Македонија ( Имаме влада имаме не дека немаме)  да му се пожалат на некој официјален претставник на Англиската влада за англискиот амбасадор за што се не го обвинуваа преку мегафоните и какафоните за комбенцата жолти некои чадори и слични тракатанции англискиот амбасадор Гарет ли беше. И може и ако го прими претседателот и тој да се изјасни за тоа какво мешање имало од амбсадата англиска во МАКЕДОНСКИТЕ РАБОТИ. 

Арно ке биде и англиска кралица ке чуе за наас македонците колку сме напредна нација во подем и без влада и без институции си функционираме, па влада не ни треба а КРАЛОТ КОЛЕ седи и ужива без вкласт владее, без парламент решава судбини и без суд суди...

А може и некоја инвестиција у енглеска премиер лига некој од нашите ТАЈФУНи у бизниса да купил премиер лигаш па да се потпишер договорка за инвестиција на стадион за подготовки на енглеските премиерлигавеши.

А малку да си позборат за Македонците сс блгарски пасапорти што уживаат во Британската влада, ако ги собере стипендистите од Лондона еве ја Гордана Јанкуловска како најистакнат државно партиски чиновник Што учел таму преку канала кој успешно ја менаџирал Македонија од судство до полиција и уште поуспешно до контрола на комуникации согласно устав и закон без дозвола на пример на Врховен суд..

Vrh na Vlasta



kakvo e Makedonskoto sudstvo rece katica.SJO goni nekakva kriminalna grupa koja se naogja vo vrvot na vlasta vo R.Makedonija i sudstvo e takvo . I koga ke kaze Katica toa e ZAKON.

Koga Pribe reportot ke raskaze togas veke stanuva alarmantno.


Јазик на Колета

Оваа монтировка што му ја направиле УДБА ОЗНА и КОМУНЈАРИТЕ и му го смениле говорот на Колета ја најдов на Ју ТУБЕ. Чита човекот чита и се чуди.

Подобра реклама за платформата на албанците ЗДРАВЈЕ тоа е зародиш идејата за јазикот. Ако може Коле можат и македонците доле, мислам на Јужна Македонија.

ЈУ ФАЛИМЕНДЕРИТ Коле





Еден рецепт за Јазикот 

Јазикот се вари вообичаено 2 1/2 часа.
За тоа време се вари оризот и се подготвува филот, толчен лук, толчени ореви, масло и магданос. Може и мало лажиче павлака за да ги врзе.
Кога јазикот е сварен, веднаш му се вади лушпата.
Се прави отвор од двата краја и се полни, зашто така е полесно.
Оризот се меша со павлака и се филува однадвор јазикот.
Лесно се сече, не е проблем за сервирање, само што го спремав за Нова година, па беше многу брзински.

Лукот и оревите, павлаката и оризот, сето тоа прекрасно се вклопи, само да можев да го украсам повеќе...
Вистински деликатес, баш како го замислив, така излезе.

Може да се сервира како ладно предјадење или комплетен оброк со повеќе ориз и павлака, салата.
Здрав оброк, декоративен, а превкусен.
Прочитај повеќе: http://moirecepti.mk

Коле

Ми недостасува лидерот цела недела ништо. Па еве.

Детал од доделување на наградите за популарност за успомена и  дуго сечање.

Ко изда Пизда


Tuesday, February 21, 2017

Плачи Птички Пеат на гранка

Плачи Птички Пеат на гранка пред скопски судови. Ја да сум како судиите што се сменети ке си уживам. Земај Плата клати врата и те боли уво

СДСМ рече ке има генерален избор на судии, ама овие од ВМРО одма праат контра и реизборот го прават на мала врата. Мислам дека има политика тука. 

Не ги жалам, судиите тие се се она што пишуе во ПРИБЕ извештајот за судството од прв до последен на чело со сите претседатели и функционери.

Татјана Михајлова чистела во судот за Велигден или за прочка како секоја добра домакинка на која стопанот и рекол да позачисти малку у кучата за празниците кои се ближат.

Ех долга е раката на партиите дошла до судството.

Ја да сум како судиите што се сменети ке си уживам. Земај Плата клати врата.



Текстови о двесници 

Приговор до Врховниот суд. Ова е правниот лек што им останува на десетина судии од Основниот суд Скопје 1, незадоволни поради нивното распоредување во други оддели или судови, врз основа на Годишниот распоред на судии. Промената во распоредот денеска ја зовре атмосферата во Кривичниот суд, која е прилично поларизирана уште од крајот на минатата година. 
„Класична чистка“ - е најчестиот збор со кои судски извори ја опишуваат постапката на в.д. претседателката на Кривичниот суд Скопје, Татјана Михајлова, во чија надлежност е изработката на Годишниот распоред за судиите. Како аргумент за ова тврдење го посочуваат фактот дека „случајно“ се прераспоредени најмногу од оние чии потписи биле на листата од 12 судии, кои до Судскиот совет го искажаа нивното незадоволство од работењето на претседателот на Судот, Владимир Панчевски (кому во декември му истече мандатот, а пледира на истата функција) и оние кои ги прифаќале барањата на Специјалното јавно обвинителство.
Судскиот совет без маханизам
Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, не сака да го коментира ваквото толкување на новиот распоред.
„Не можам јас да кажам дали се работи за реваншизам или одмазда. Нивен личен став е дали се чувствуваат онеправдени или не. Судија е судија, без разлика дали работи на кривични или прекршочни предмети. Судиската одговорност е иста и во двата случаја“, вели Караџовски.
Неофицијално, од Кривичниот во Судот за прекршоци биле прераспоредени судиите Драган Николовски, Седат Реџепагиќ, Оља Ристова и Марија Марковска. Судијката Весна Димишкова која работела на претходна постапка, а беше посочувана како судијката што го издала налогот СЈО да влезе во УБК, била распоредена во Одделот за малолетници. Судијката Славица Андреевска која ја замрзнала сметката на фирмата „Финзи“ определила притвор за градоначалникот на Битола, Владимир Талески и издала налози за предметот „Трезор“, била распоредена на предмети, кои нема да имаат никаква допирна точка со предмети на СЈО.
Може ли Судскиот совет да реагира на новиот распоред, кој ги подгреа сомнежите за политичка мотивираност?
„Не може“, вели Караџовски.
„Според став 4, од членот 39 во Законот за судови, судиите може да дадат приговор за Годишниот распоред само до Врховниот суд. Судскиот совет може да расправа само ако во текот на годината, по исклучок и против негова волја, одреден судија биде распореден од еден оддел во друг, или од еден суд во друг. Во однос на Годишниот распоред немаме никакви законски механизми за делување. Од тој аспект, не можеме ни да го коментираме Годишниот распоред, бидејќи со тоа би навлегле во работата на в.д претседателката на Судот и на нејзините законски надлежности“, објаснува претседателот на Судскиот совет.    
Партиите ги вкрстија копјата
Состојбите во Судот брзо се префрлија на политичко поле.
„Криминалната власт не може да ги спречи правдата и промените“, порача денеска СДСМ.
„Никој и ништо нема да ја спречи правдата. Во Република Македонија ќе има правда, а сите кои правеле криминал и зло дела ќе одговараат. Така одлучија над 612.000 граѓани и тој процес е незапирлив. Ќе се спроведат темелни реформи според извештаите на Рајнхард Прибе и на Европската комисија, што ќе обезбедат независни институции. Ќе има целосен реизбор на судии. Судиите ќе работат во заштита на граѓаните, а не по партиски директиви како досега. Затоа сите обиди на криминалците, и надежите дека може да ја избегнат правдата - се јалови“, се вели во соопштението на СДСМ.

Граѓаните еднаш видоа како СДСМ во потполност да го окупира судството, одговори ВМРО-ДПМНЕ.
„СДСМ е дувло и синоним за криминалот. СДСМ е водена од аболициран криминалец и врши континуиран притисок врз судството. Македонија еднаш виде како изгледа кога СДСМ во еден ден менува 617 судии и обвинители со такви по свој терк. Јавноста со свои очи виде и како експонентот на СДСМ во правосудството СЈО си ги штити своите пулени. Јанева го ослободи Верушевски, го аболицираше по втор пат Заев и спроведува отворена хајка против ВМРО-ДПМНЕ. Судството не смее да потклекне пред заканите на СДСМ“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Во Судот со загриженост ги следат „новите состојби“, бидејќи сметаат дека тие во голема мера може да ја оневозможат правдата.

Хаос и револт го тресат Основниот суд Скопје 1 каде што стигаат предметите од Специјалното обвинителство, откако в.д. претседателката Татјана Михајлова направила нов Годишен распоред на судии со кој спровела чистка на судиите на кои предметите на СЈО не смеат ни случајно да им паднат во раце, дознава САКАМДАКАЖАМ.МКод извори во Кривичниот суд

Дваесетина судии, меѓу кои и такви со подолг стаж во Кривичниот суд, од необјаснети причини се преместени во Судот за прекршоци во Градскиот парк.
Годишниот распоред, тврдат прераспределените судии кои вчера го добиле документот велат дека иако распоредот се уште не е потпишан од претседателката на судот, ова не само што е преседан, туку е незаконска бомба за минирање на правдата во судот.
Со новиот распоред на судии настрадале судиите од претходна постапка Весна Димишкова и Славица Андреевска. Димишкова, која порано беше судија во организиран криминал е судијката што издала наредба за претрес од страна на СЈО во Управата за безбедност и контраразузнавање. Сега е преместена во одделот за малолетници.
Славица Андреевска е судијката што му одреди притвор на битолскиот градоначалник Владимир Талески, и ја замрзна сметката на фирмата Финзи на покојниот сведок на СЈО Коста Крпач. Таа е преместена да суди предмети по стариот ЗКП. Тоа бришење е направено со цел да нема ни најмалата веројатност неа повеќе да не и се падне предмет од СЈО, велат од судот нашите извори.
Настрадале буквално сите 13 судии кои поднесоа петиција против Владимир Панчевски и кои потоа беа викнати да дадат изјави и во Судскиот совет.
Долгогодишниот кривичар, судијата Седат Реџепагиќ е преместен во Судот за прекршоци. Однесена во Прекршоци е и Марија Клетничка. И таа е потпишана на петицијата против Панчевски.
Судијката Оља Ристова од Кривичниот дел повторно е вратена во Судот за прекршоци. Таа е судијката која се изјасни дека Кривичниот совет во судот е ненадлежен да одлучува дали бомбите на опозицијата можат да се користат како докази во постапките што ги води СЈО во овој суд. Втор пат е прераспределена поради пишувањето на брат и на Фејсбук против в.д. претседателката Михајлова.
Експретседателот Владимир Панчевски и кандидат за нов претседател на Кривичниот суд, пак, распореден е за судија во одделот за организиран криминал, каде што се судат предметите на СЈО.
Наградена е и судијката Лидија Петровска, од бомбите позната како „сваровски судијката“ која го води судскиот процес на СЈО против ексначалникот на УБК Горан Грујовски. Таа од кривичниот оддел за предмети по новиот ЗКП, преместена е до Панчевски, во организиран криминал.
Наградена е и судијата Моника Бахчовановска, сопруга на Владимир Бахчовановски, висок функционер од ВМРО-ДПМНЕ. Таа заедно со Панчевски и Михајлова, поднесувала претставки до Советот за утврдување н факти за разрешување на нејзини колеги судии. Таа од Судот за прекршоци, прераспоредена е во кривичен судија за предмети по новиот ЗКП.
Награден е и судијата Александар Милошевски, кој и е близок пријател на Александра Зафировска од Судскиот совет. Откако Советот во кој била Оља Ристова одбил да се изјасни за бомбите, нов совет во кој бил Милошевски заедно со Владимир Панчевски и судијата Сандра Крстиќ изгласале дека бомбите не може да се земат како доказ. Сега Милошевски ќе биде судија во претходна постапка за организиран криминал и ќе ги добива предметите од СЈО.
Судијата Ѓоко Ристов, кој одбивал наредби е тргнат од организиран криминал. На негово место е ставен судијата ивица Стефановски, кој ќе го преземе случајот “Поткуп“ против Зоран Заев. Тој беше судија во случајот “Пуч“, од кој СЈО се откажа.
На местото на Ристовски доаѓа „сваровски„ судијката Лидија Петровска, но таа не ги презема предметите од него, туку од Стефановски. Целта е Стефановски како човек од најголема доверба на Панчевски да го суди Заев, тврдат изворите на СААКАМДАКАЖАМ.МК.
Извор: СДК

И во Врховниот суд, исто како и во Основниот суд Скопје 1 е направена нова распределба на судиите во најважните оддели. Новиот распоред денеска бил дистрибуиран до судиите.
В.д. претседателката на Врховниот суд Снежана Бајлозова според новиот годишен распоред на судиите иако е избрана како граѓански судија во Врховниот суд, се распоредила во најважниот, Кривичниот совет на највисокиот суд во Македонија на местото на нејзината претходничка, експретседателката на Судот, Лидија Неделкова, која како судија – кривичар е сосема тргната од овој совет. Бајлозова ќе биде претседател на Кривичниот совет или Одделот за казниви дела.
Лидија Неделкова е прераспределена во одделот за судење во разумен рок, како член. Таа во ниеден од советите на Врховниот суд не е ниту претседател или заменик-претедател.
Во годишниот распоред, чија примена почнува од први март годинава, в.д. претседателката Снежана Бајлозова ќе членува и во повисоките совети на Врховниот суд кои ќе одлучуваат по жалбите постапки против одлуките што ги носеле советите во кои и таа претходно учествувала во носењето на одлуките.
Бајлозова е прва и во Одделот за судска пракса, покрај уште 6 врховни судии.
Иако е граѓанската судијка Бајлозова ја нема во Одделот за граѓански дела.
Во годишниот распоред пишува и дека “претседателот на одделот Снежана Бајлозова не се задолжува со предмети како судија – известител“. Но затоа, пак, со новиот распоред таа станува судија кој ќе одлучува по барањата за донесување на наредба за следење на комуникациите според Законот за следење на комуникациите (или закон за прислушкување). Пред неа, овие одлуки ги носеше поранешната претседателка Лидија Неделкова.
Новиот годишен распоред за работата на судиите во највисокиот суд во Македонија е донесен во исто време кога и в.д. претседателката на Кривичниот суд Татјана Михајлова донесе нов распоред на судии. И распоредот на Михајлова стапува во сила како и тој на Бајлозова, од први март годинава.
Михајлова прераспореди меѓу 15 и 20 судии од своите работни места и од предметите што ги работат, преместувајќи ги дел во Судот за прекршоци под казна, дел во оддели кај што се судат стари предмети, според претходниот Закон за кривична постапка.
За барањата за заштита на законитоста на постапките во врска со истрагите што ги води СЈО, ќе одлучува Врховниот суд.
С. К. ДЕЛЕВСКА

Monday, February 20, 2017

на ортома да го видам

За клетви и адети во Македонија има една ли појке книги од М.Китевски , па денеска си ја читам малку. Ајдук да биде, та на ортома да го видам. Ајдук станал последните 10 години , а сега и ортома не му гине.

http://cooltura.mk/etnologija/obichai-i-veruvanja-makedonskite-narodni-kletvi 

Се смета дека клетвата достига до деветото колено. Ако не го стигне тој кому му е упатена ќе го стигне некој негов наследник. Претседателот Иванов рече еднаш до 7 колено ама адетот е до 9 колено.
Тие се спротивни на благословите и со клетвите се посакува зло, несреќа, како на луѓето така и на стоката, земјоделските култури и сл. Особено повеќе колнат жените, позната е мајчината клетва, но за тешка се смета и татковата клетва, како и кумовата клетва.
Така на пример при изведувањето на обредот С’крсти, се причестувало едно дрво кое било бележито (трешчено дрво, односно дрвоврз кое паѓале громови, било вакафско и сл.). Се дупела дупка со сврдел, во неа се ставала нафора и вино и се затворало со клоин. Свештеникот по молитвите за богат род на земјоделските култури проколнувал: „Аир да не видит тој што ќе сечит од шумава. Да му се сотрит фамилијата, ако некој ја сотрит шумава“. Сите присутни сикале. „Амин.“ Потоа плашејќи се од клетвата никој не сечел од шумата.
Таков обред за ТИРАНИНОТ и неговите роднини соберени во ДУВЛОТО треба МПЦ да напраи оти свештеник треба свештеник владика некој поголем.
Тогаш сите луѓе се собирале на едно свето место (свето дрво и сл.) ги симнувале капите и колнеле повикувајќи го Господ и светците да го казнат тој што го направил делото.
Потоа секој од присутните фрлал по еден камен на одреденото место и така се правел куп од камења. Тој куп никој не смеел да го растура туку дури и секој минувач фрлал камен кога тука ќе минувал и тој проколнувајќи го кривецот.И петре М Андреевски во една од неговите книги го кажуе овој адет со куп камења.Значи КУП КАМЕЊА споменик на плоштад.
Македонците треба да се соберат во храмовите оти други свети места нема се што треба  да е свето е со украдени пари од народот напраено.

Една нација Еден Пасапорт

ЗАЕДНО НА ЗЕМЈАТА ЗАЕДНО ВО КОСМОСА
Тези за размисла.Ме бендиса муабетот


Saturday, February 18, 2017

Мексиканска ситуација в наш крај

МУ ТЕЧЕ НИЗ НОГАВИЦИ НА ТИРАНИНОТ А ПРОДАВА ЕВТИНИ ПРИКАЗНИ И ИМА КОЗЈИ УШИ
Мексиканска ситуација или мексиканска пресметка има во Македонија златна држава која ја упропасти вмро не мислам на овие од дпмне на вмро идеологијата мислам која вели ние сме најубави, најумни и најмногу сме заслужни светот што се врти.

(англискиMexican standoff) во филмот претставува термин кој означува сцена каде што повеќе ликови имаат вперени оружја еден кон друг, со што се создава стратегиска сотојба каде ниедна страна не може да делува на начин кој овозможува победа.

Фразата доаѓа во употреба во доцниот 19 век, кога оригинално била употребувана да се прикаже состојбата на неодлучност на мексиканската влада. Фразата се употребува и за вооружени и за невооружени конфликти на статус кво, каде одделните страни не можат да преземат акција

Во филмската уметност, мексиканската ситуација често е портретирана преку многубројни противници со вперени оружја меѓусебе, со што секој противник се чуствува подеднакво загрозен и не верува дека може прв да го употреби своето оружје без последици по сопствениот живот; еден иницијален застел може решително да ја уништи нестабилната рамнотежа со што сите противници межусебно ќе се застрелаат. Оваа ситуација се појавува на крајот од филмовите Добриот, Лошиот и Грдиот и Касапски кучиња. Аналогна нестаблина ситуација може да се појави кога оружјето е во подеднаков дофат на двајца противници, како што е климаксот на филмот Повторно мртов. Мексиканската ситуација денес се смета за филмско клише поради претераната негова употреба во шпагети вестерните и акционите филмови.

Задушница и Охридски рамковен договор

https://mk.wikipedia.org/wiki

Охридски рамковен договор

НА ПОТПИШУВАЊЕТО БОРИС РЕЧЕ ГОСПОД ДА НИ Е НА ПОМОШ, А ГО ДОПОЛНИЈА И АЛАХ ДА НИ Е НА ПОМОШ.И ЕВЕ ГО.....10. Завршни одредби 10.1. Овој Договор стапува на сила со негово потпишување. 10.2. Верзијата на англиски јазик на овој Договор е единствената автентична верзија. 10.3. Овој Договор се водеше под покровителство на претседателот Борис Трајковски. Потпишан во Скопје, Македонија, на 13. август 2001 на англиски јазик. ИМА ЛИ НЕКОЈА ШТО ЗНАЕ АНГЛИЈСКИ ДА ГО РАЗЈАСНИ Потписот на ВМРО ДПМНЕ И НА СДСМ.
Охридскиот рамковен договор — договор за внатрешното уредување на малцинските права во Република Македонија, потпишан на 13 август 2001 година помеѓу претставниците на тогашните најголеми политички партии и специјални претставници на ЕУ и на САД. Охридскиот договор е склучен во текот на ескалацијата на насилства помеѓу етнички албанската ОНА и македонските вооружени сили во Конфликтот од 2001. Поради тоа, многу граѓани, особено од македонска националност, го сметале договорот за насилно изнуден и неприфатлив.[1][2][3][4][5]
Осум години подоцна (2009), експертите и граѓаните се сѐ уште поделени околу тоа дали е Охридскиот договор извор на стабилност или, напротив, извор на нестабилност за Република Македонија. Сепак, договорот и понатаму доследно се спроведува и се претвори во платформа за промоција и заштита на правата на албанското малцинство.[6][7][8]

Потписници[уреди | уреди извор

По завршувањето на преговорите во Охрид, на 13 август 2001 во Скопје договорот го потпишале (по азбучен ред):

Ако ЦАЦКО не се потпишал НЕ ВАЖИ. Овие двата кадри од ВМРО ли се или не се .


Содржина на договорот[уреди | уреди извор]

Рамковниот договор целосно и безусловно ја отфрла употребата на насилството за остварување на политичките цели. Само мирни политички решенија можат да ја гарантираат стабилната и демократска иднина на Македонија. Суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија и унитарниот карактер на државата се неповредливи и мора да се сочуваат. Не постојат територијални решенија за етничките прашања. Во тој контекст, Договорот предвидува целосен прекин на непријателствата, разоружување на етничките албански вооружени групи и нивно целосно распуштање.
Охридскиот договор потенцира дека развојот на локалната самоуправа е од најголемо значење за почитување на идентитетот на заедниците. Со Рамковниот договор се предвидува да се ревидира Законот за локална самоуправа со кој ќе се зајакнат овластувањата на избраните локални претставници и значително ќе се зголемат нивните надлежности во согласност со Уставот и Европската повелба за локална самоуправа.
Договорот предвидува целосно почитување на принципот на недискриминација и рамноправен правичен третман на сите лица пред законот. Овој принцип особено ќе се применува во однос на вработувањата во јавната администрација и јавните претпријатија. Во Уставниот суд, една третина од судиите ќе се избираат од страна на Собранието, со мнозинство од вкупниот број на пратеници, припадници на заедниците. Истата постапка важи и за изборот на Народниот правобранител и на тројцата членови на Судскиот совет.
Новина е што на централно ниво, уставните амандмани и Законот за локална самоуправа нема да можат да се усвојат без квалификувано двотретинско мнозинство, при што ќе мора да има мнозинство од гласовите на пратениците што припаѓаат на заедниците. Истиот принцип важи и за донесување на закони што директно ги засегаат културата, употребата на јазикот, образованието, личните документи и употребата на симболи, како и законите за локално финансирање, локални избори, градот Скопје и за општинските граници.
Во однос на основното и средното образование, наставата ќе се изведува на мајчините јазици на учениците. Финансирање од страна на државата ќе се обезбеди за високо образование на јазиците на кои што зборуваат најмалку 20% од населението во Македонија. Низ цела Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик. Кој било друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од населението, исто така е службен.
Во однос на симболите, Охридскиот договор предвидува непосредно до симболот на Македонија, локалните власти да може на предната страна од локалните јавни објекти да постават симболи со кои се обележува индентитетот на заедницата која е мнозинство.
Договорот е составен од три анекси:
  • анекс А за уставни амандмани,
  • анекс Б за измени во законодавството и
  • анекс Ц за имплементација и мерки за градење на доверба.
Во анексот А стои дека сегашната Преамбула на Уставот на РМ се заменува со јазик заснован врз концептите на индивидуални права и граѓанско општество:
"Граѓаните на Република Македонија, преземајќи ја одговорноста за сегашноста и иднината на нивната татковина, свесни и благодарни на своите предци за жртвите и посветеноста во нивните заложби и борба за создавање на самостојна и суверена држава Македонија и одговорни пред идните генерации за зачувувањето и развојот на се што е вредно од богатото културно наследство и соживотот во Македонија..."
Анексот Б предвидува измени во законодавството. Предвидено е донесување на повеќе закони меѓу кои и законот за локална самоуправа, законот за локално финансирање, за територијална поделба, за изборни единици, потоа нов деловник на Собранието, закони што се однесуваат на употребата на јазиците и други.
Анексот Ц се однесува на имплементацијата на Договорот и мерките за градење на доверба. Овде се регулирани прашањата за пописот, изборите, враќањето на бегалците и улогата на меѓународната заедница.
6. Образование и употреба на јазиците 6.1. Во однос на основното и средното образование, наставата ќе се изведува на мајчините јазици на учениците, а истовремено во цела Македонија ќе се применуваат унифицирани стандарди за академските програми. 
6.2. Финансирање од страна на државата ќе се обезбеди за високо образование на јазиците на кои што зборуваат најмалку 20 проценти од населението во Македонија, а врз основа на посебни спогодби.
 6.3. При уписот на државните универзитети на нови студенти, кои припаѓаат на заедници кои не се мнозинско население во Македонија, ќе се применува принципот на позитивна дискриминација се додека уписот правично не го одрази составот на населението во Македонија. 
6.4. Низ цела Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик.
6.5. Кој било друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од населението, исто така, е службен јазик, , како што е овде образложено. Во органите на Република Македонија, кој било службен јазик различен од македонскиот може да се употребува во согласност со законот, како што понатаму е елаборирано во Анекс Б. Кое било лице што живее во единица на локална самоуправа во која најмалку 20% од населението зборуваат службен јазик различен од македонскиот, може да употребува кој било службен јазик за да комуницира со регионалната канцеларија на централната влада, надлежна за таа општина; таквата канцеларија, ќе одговори на тој јазик, дополнително на македонскиот. Кое било лице може да употребува кој било службен јазик за да комуницира со главна кацеларија на централната влада, кој ќе му одговори на тој јазик, дополнително на македонскиот. 
Во книгата Улогата на разузнавањето во противбунтовништво, од Александар Илиев,2014, се наведува дека содржината на Охридскиот рамковен договор во основа ги содржи гледиштата на САД за потребни реформи во Македонија изнесени уште во периодот од 1994 до 1996 година, а кои се однесувале на човековите права и правата на етничките Албанци,но не и првичните барања на ОНА за отцепување на албанските области од Македонија.[2]

Friday, February 17, 2017

Синови

Едно младо синче на патриотскиот режим ме советуваше да ја слушам оваа песна и навистина такви синови во партијата има многу. Химна им била......ЧИСТКА НА СИНОВИ НА ПАРТИЈАТА посебно оние у тајните служби почнала и тоа право во дипломатија.Керките ке почекаат.

U mojoj ulici ne prodaju se kifle
ne tece saobracaj i dim
u mojoj ulici nema fukare
jer ja sam guzonjin sin


Oko mene rastu cempresi i drot
veceras imam party, a ujutru trim
lijepe zene dolaze kod mene
jer ja sam guzonjin sin

Ref. 2x
Ja sam, ja sam guzonjin sin

Jede se kavijar, pije se dzin
ima se para, ima se s' cim
ponekad trava, nikad heroin
jer ja sam guzonjin sin


U skolu me vozi samo auto pravo
sa mnogim sam pjevacicama spav'o
sa sobom nosim svoj mali karabin
jer ja sam guzonjin sin

Ref. 2x

Moja raja me bas ne vole
zavide mi na moje uspjehe
a ja sam svima najbolji
ja sam sa svima fin
jer ja sam guzonjin sin


Ref. 2x

Al' kad me ona zovne
hodi malo 'vamo, ja odmah potrcim
jer macehu ja volim vise nego starog
jer ja sam guzonjin sin

Ref. 2x

Danas sam dobio 
svog novoga Porsea
i malko cu se voziti s' njim
jer ja, ja sam guzonjin sin

Stars and Stripes

 "Betsy Ross","Stars and Stripes" ("Zvijezde i pruge"), "Old Glory" ("Stara slava") i "Star-Spangled Banner" ("Barjak posut zvijezdama").  NA VRVOT i na DNOTO