Saturday, July 22, 2017

SAD na BALKANOT

Заменик државниот секретар Брајан Хојт Ји 22 7 2017 посочи дека САД ќе го засилат својот ангажман на Балканот со цел да ги заштитат земјите од негативното влијание на Русија.Tреба да се одржи стабилноста и NATO евроатланските интеграции.
За таа цел во август американскиот потретседател Мајк Пенс ќе ја посети Црна Гора каде ќе се сретне со шефовите на влади и држави од Западен Балкан, а исто така и Стејт Департментот на САД ќе ги продолжи своите активности во регионот.
заедничките интереси во регионот, како што е тероризмот, Соединетите држави тесно ќе соработуваат со Москва. Но, таму каде што Русија и САД имаат спротивни интереси, Америка, решително ќе ги брани своите и интересите и вредностите на сојузниците, и ова е тоа што ние го правиме сега. Ние преземаме чекори за да ги зајакнеме државите од овој регион во однос на малигните влијанија, било тие од Русија, од други земји или други фактори, со цел да се увериме дека ниту Москва, ниту некој друг актер нема да успее да спроведе било какво штетно влијание на надворешната или внатрешната политика на балканските земји -изјави Ји за Гласот на Америка. Коментарите на Ји уследија по загриженоста дека предложените длабоки скратувања на буџетот на овој Оддел ќе ја минимизираат улогата на Вашингтон во кревките демократии кои се изложени на руското влијание.