1. Нема да бегаат,
2.Едвај чекаат судење да ја докажат невиноста
3. Не се виновни
Никола Груевски
НЕ СМЕАМ НИШТО ДА НАПИШАМ. ИМАМ САМОЦЕНЗУРА ЗА ОВОЈ ЛИК .Читајте на интернет за овој лик заради кој секој ден читам клетви од писателите Кепески и уште некои други кои ги собирале клетвите на македонскиот народ кон душманите уште од пусто турско па до ден денес.
Кирил Божиновски
бвинителот од СЈО, Бурим Рустеми, на денешното судење за случајот „Титаник“ рече дека бараат притвор за Кирил Божиновски, пренесе Макфакс
„Поради опасност од бегство и влијание врз соучесниците, бараме притвор. Тој не соработува во истрaжната постапка. Му се ставаат на товар две кривични дела – злосторничко здружување и злоупотреба на средства за финансирање на изборна кампања. Тој е во врвот на ВМРО-ДПМНЕ и има моќ врз членството. Единствено со притвор може да се спречи тоа влијание“, рече Рустеми.
Адвокатката на Божиновски, Сања Алексиќ, рече дека бараат да му се врати пасошот. Тие се повикуваат на тоа дека судот веќе еднаш одбил притвор за Божиновски во 2016 година и дека тој досега не бил осудуван.
„Судот треба да ги има предвид личната и семејна ситуација на обвинетиот“, изјави Алексиќ.
„Не сум влијаел врз сведоци и не извршувам државна функција. Редовно се јавувам во СЈО на сите покани. Имам семејство и со нетрпение ја чекам судската постапка“ рече Божиновски.
За да ја докаже невиноста, Божиновски вети дека редовно ќе се јавува пред судот
Миле Јанакиескипоранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески на денешната јавна седница на Апелацискиот суд, рече дека не се чувствува виновен и дека нема намера да бега, ниту да ја опструира судската постапкa, пренесе порталот „Сведок“.
Сакам да го потсетам судот дека пред година ипол СЈО бараше притвор за мене, тогаш судот не определи никаква мерка и еве, сега сум тука, што значи немам намера да бегам. Исто така не е точно дека ја опструирам работата на Обвинителството, ниту пак планирам да ја опструирам работата на судот. Нека даде СЈО еден доказ дека не сум се појавил по уредно доставена покана. Напротив тие ја опструираа одбраната со тоа што не ни дадоа навремен увид во доказите , рече Јанакиески.
Тој како и неговите сопартијци кои пред него сведочеа пред апелациските судии рече дека сака час поскоро да започне постапката за да докажат дека се невини. Јанакиески, како и сите пред него, вети дека нема да бега.
Обвинителите на СЈО рекоа дека Јанакиески не се јавувал на покани и имал обиди за влијание на сведоци, а се очекува и да ја одолговлекува судската постапка. Исто така од СЈО го напоменаа и лиферуваниот записник за кој се претпоставува дека е излезен од кај Јанакиески.
Одбраната пак рече дека СЈО нема аргументи да бара притвор и дека тоа што не се појавил на неколку повици на СЈО не значи дека Јанакиески ќе избега.
На бившиот министер за транспорт на товар му се ставаат четири кривични дела.
На сите обвинети во оваа фаза на постапката адвокати им се Боро Тасевски, Димитар Дангов, Сања Алексиќ и Петар Василев, кои ги употребуваа истите аргументи, а одеднаш од сите предмети „исчезна“ Никола Додевски кој ги застапуваше во фаза на истрага.
Во меѓувреме, раководството на ВМРО ДПМНЕ ангажирало и други адвокати кои веќе поднеле приговори на обвиненијата, таму каде што е извршена достава.
Гордана Јанкулоска
поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, побара да ѝ се врати пасошот. Таа денеска се појави во Апелациониот суд каде на седница беа разгледани жалбите за предметот „Титаник“ во кој Јанкулоска е обвинета за четири кривични дела, пренесе Макфакс.Специјалното јавно обвинителство останува на барањето за притвор. Обвинителот Гаврил Бубевски рече дека Јанкулоска се товари за создавач на група за злосторничко здружување
„Сите околности укажуваат дека однесувањето на обвинетата е за целосна негација на СЈО. Само еднаш се јави во СЈО. Одбегнува да се појавува во СЈО за да ја одолговлечи постапката“, рече Бубевски.
Тој рече дека Јанкулоска е една од главните извршителки на кривичните дејствија. Тој рече дека обвинетата презела директни дејствија со кои вршела влијание врз сведоци и дека постои опасност и во иднина да влијае врз сведоци.
Одбраната рече дека Јанкулоска била доктор на науки.
„Опасноста за бегство е апстрактна“, рече Боро Тасевски, еден од четворицата адвокати кои ја бранат Јанкулоска.
Адвокатот Дангов Димитар рече дека во постапката против Јанкулоска предвид се зема изјава на друг обвинет кој потоа станал сведок.
Обвинителот Гаврил Бубевски, пак, рече дека сведокот стана соработник на правдата.
Обвинетата Гордана Јанкулоска рече дека оваа постапка е позната во јавноста повеќе од 2 години и дека не сторила ниту едно кривично дело.
„Работев во интерес на Македонија во институции кои се борат против криминалот“, рече Јанкулоска.
Таа се пожали дека обвинителството ѝ дозволило само делумен увид во доказите. Ексминистерката рече дека одговорила на секоја покана на СЈО и дека едвај чека да почне судењето за да ја докаже нејзината невиност.
„Две години не сум влегла во МВР за имам влијание врз сведоци. 14 години вршам јавни функции, СЈО предлага мерки без никаква основа. СЈО спроведува политичка агенда. Не мислам да бегам. Фактите се на моја страна“, рече ексминистерката со треперлив глас.
.Мартин Протоѓер не дојде
двокатот Боро Тасевски го извести Апелацискиот суд дека обвинетиот Мартин Протоѓер, поранешен шеф на кабинетот на премиерот Никола Груевски, бил на боледување во земјата и нема да се појави на судење. Според адвокатот, во моментот на подигнувањето на обвинението Протоѓер се лекувал во угледна воена болница во Будимпешта по што го прекинал лекувањето и ја доставил патната исправа, иако лекувањето требало да трае до јули, пренесе Макфакс.
Во прилог на ова тврдење тој приложил два специјалистички извештаи.
Од СЈО оценија дека од документацијата не можат да ја видат сериозноста на болеста, поради што судијката Лилјана Ивановска Шопова ја побара оригиналната документација. На тоа реагираше адвокатот Тасевски според кого не може обвинителството да оценува болест.
Матин Протоѓер е обвинет за три кривични дела во случајот „Титаник“ кој се однесува на изборните манипулации, меѓу кои и за злосторничко здружување. Неговата одбрана побара да му биде вратена патната исправа, наспроти СЈО кое инсистира да му биде одредена мерка притвор, за да се обезбеди негово присуство.