Tuesday, July 18, 2017

Pritvor za fraerite

ВО Ц13 во Шутка затвор Скопје е Најубаво. 
Ке им пуштам на ЗОНЕ РАДИО Поздрав на другарите мои. 
Тони Јакимовски
Горан Грујовски
Апелацискиот суд денеска одлучи да им додели притвор на Горан Грујовски, Тони Јакимовски и Никола Бошковски, сите вработени во МВР и обвинети во случаите „Таргет“ и „Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство.

За останатите обвиниети се потврдуваат претходните решенија на Кривичниот суд.
Сашо Мијалков, првообвинет во случаите „Таргет“ и „Тврдина“ коишто истраги по обвинителниот акт се споија во едно обвинение, останува само без својот пасош. За него СЈО бараше притвор, но притвор добија само вработените во МВР кои се обвинети за негови соработници.

ВМРО Експресно изјави

Одлуката на Апелационен суд, да се изрече притвор за три лица кои се предмет на политички прогон од страна на Специјалното јавно обвинителство е срамна и без никаков издржан правен аргумент, изјави денеска на прес-конференција Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека тоа е доказ дека судот подлегнал на притисоците.
– Одлуката е политичка, а не правна. Медиумите под контрола на СДС ја најавија уште пред да биде официјално соопштена. Тоа доволно говори околу начинот на кој што работел судот. Со ваквите одлуки се става крај на правната држава и започнува нарачаниот политички прогон – рече Данев.
Тој истакна дека со одлуката на Апелационен суд, се испраќа порака дека сите кои сите кои нема да ги поддржат „конструираните и политички монтирани обвиненија на СЈО“ ќе завршат во притвор.
– Одлуките кои денеска ги донесе судот се без преседан. Луѓето на кои денеска им беше одреден притвор изминатиот период ниту се обидоа да бегаат, ниту на некаков начин ја опструираа истрагата. Одлуките кои ги донесе судот се чиста политичка одмазда нарачана од СДС – рече Данев.
Тој им порача на судиите да не мислат дека Зоран Заев е семоќен и дека вечно ќе им дава поддршка, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на власт и дека ќе прави ревизија за незаконското работење и одлучување.
извор:либертас.мк