Monday, July 31, 2017

Добредојде за Пријателот Бојко


Во Чест и слава на Бојко Борисов претседател на владата на Р.Бугарија и мој драг јуначки другар.





Договорот помеѓу Македонија и Бугарија е од заеднички интерес и на двете земји, тој ќе овозможи политичка стабилност, соживот и соработка помеѓу граѓаните, но и на економски план, порачаа македонскиот и бугарскиот премиер, Зоран Заев и Бојко Борисов по потпишување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија, денеска во Скопје.
- Затворивме прашање со кое го трасиравме патот на пријателството и добрососедството. Договорот е заемен интерес за политичка стабилност во регионот. Владата на Република Македонија се определи да води политики на решенија, а не политика на проблеми. Видовме конструктивен партнер во владата на Бугарија. Оваа соработка ќе помогне за унапредување на патната и гасната инфраструктура, ќе ја зголеми размената на стоки, ќе обезбеди царински и гранични олеснувања – изјави Заев.
Според него, договорот е порака до Европската Унија (ЕУ) дека земјите од регионот имаат политички раководства кои градат мостови и порача дека и Македонија и целиот Балкан ги заслужуваат евроатланските перспективи.
Во иста насока беа пораките и на неговиот бугарски колега.
Договорот можеше и да не се потпише, со години не беше потпишан, но се потпиша и е од исклучително значење, рече Борисов, додавајќи дека очекува позитивна реакција и поздравување на ваквиот чекор и од страна на ЕУ.
- Не знам дали е за првпат, но меѓу две држави без модератори и посредници стигнавме до тоа дека дружбата и добрососедството е најважно од сè. Тоа ќе не направи силни, независни и значајни. Не за џабе рекле, ако гледаш назад ќе се сопнеш и ќе паднеш. Затоа решивме да гледаме напред. Убеден сум дека за десет години резултатите ќе бидат видливи – изјави Борисов.
Тој истакна и оти покрај договорот битни се и двата меморандуми за соработка кои се однесуваат на железничкото поврзување меѓу двете земји односно на Коридорот 8 и за соработка во областа на гасот која ќе овозможи Македонија да купува гас од Европската Унија, а Бугарија да го транспортира.
И двајцата премиери посочија дека за овој договор важен придонес има и претходната влада во Македонија со која раководеше Никола Груевски. Борисов истакна оти бил постигнат напредок и додека соработувал со него и стигнале до пред потпишување на договорот.
Критиките, порача бугарскиот премиер, ги има и во Македонија и во Бугарија, но тоа е демократијата. Кажа, биле критикувани дека можат да бидат „потврди“ во односите со Македонија како земја која сака да влезе во НАТО и ЕУ, но тоа не е пријателство.
За утрешното присуство на бугарската делегација за време на прославата на Илинден, одговарајќи на новинарско прашање, Борисов рече оти историјата покажала дека на Балканот досега многупати се тепале народите и се војувало, но сега се „стремиме кон тоа да го достигнеме нивото на западноевропските земји“.
- Извинете што си го празнуваме и ние празникот – прокоментира Борисов.
Попладнево државната делегација на Бугарија ќе се сретне и со претседателот на Собранието, Талат Џафери и со претседателот Ѓорге Иванов.
Утре, пак, предвидено е заедничко чествување по повод националниот празник Илинден во црквата Свети Спас во Скопје. Таму, обраќање треба да има Заев, а потоа двете делегации ќе положат цвеќе на гробот на Гоце Делчев

DEN 2

Да го поминеме минатото и сегашноста заради идината на Македонија, порача претседателот на македонската Влада Зоран Заев пред денешното заедничко поклонение со бугарскиот премиер Бојко Борисов на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас во Скопје.
Очекуваме секој да се вгради себеси во процесите кои испишуваат нова историја за Република Македонија, истакна премиерот Заев и повика на заедништво.
- На 114 години од Илинден и 73 годишнината од Првото заседание на АСНОМ изразувам одлучна верба за јасна иднина. Има светла иднина за нашата Република Македонија и има иднина за секого во оваа наша убава земја. Историјата и минатото ги ставивме да бидат цврсти темели на коишто почнавме да ја градиме европската и евроатлантската иднинана РМ која што води до квалитетен живот. Го послушавме Делчев кој ни рече да не се губи времето. Се здруживме и ги подадовме рацеме помеѓу нас и создадовме пат кон развојот. За развојот се потребни доброволно подадени раце на граѓани и народи кои се потпираат и поддржуваат и така заеднички чекорат стабилно напред, рче Заев.
Тој упати апел за максимална одговороност и сериозност на сите граѓани и институции и истакна дека ова е време кога правиме исчекор. Се повика на Манифестот од АСНОМ. – Каква Македонија ќе изградиме, таква и ќе имаме, рече Заев. Македоија, додаде, даде пример како да се исчекори.
- Подадовме рака и раце се испружија кон нас. Бугарија ја покажа истата одговорност за заедничките цели, истакна премиерот Заев.
Тој додаде дека регионот почна да се однесува европски и затоа заслужува шанса што членките на ЕУ и на НАТО го препознаа во Трст, а истото го очекува денеска во Подгорица од потпретседателот на САД, Мајк Пенс. Заев подвлече дека Македонија пружа раце и кон другите соседи. Тој повторно се осврна на Илинден нагласувајќи дека треба да ја послушаме пораката на Делчев да не се губи време.
– Затоа се здруживме заедно за да направиме чекор напред, бидејќи на Македонија и треба стабилност и развој. Борците од Илинден и од АСНОМ се нашиот завет, Македонија да ја чуваме и градиме заедно. Тој збор заедно е гаранција за иднината, нагласи премиерот Заев.
Тој повтори дека треба да покажеме одговорност кон себе и кон регионот за сите да одиме кон демократскиот свет.
По обраќањето на кое присуствуваа членови на владите и на парламентите на двете земји, претставници на политички партии и на дипломатскиот кор, двајцата премери Заев и Борисов положија цвеќе и се поклонија пред гроботна Гоце Делчев.
Со денешната церемонија на гробот на Гоце Делчев заврши дводневната посета на бугарскиот премиер Борисов на Македонија во чии рамки беше потпишан Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.


Американскиот Стејт департмент го поздрави потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија, оценувајќи го како пример за мирно решавање на проблемите меѓу соседите.
– Соединетите Држави им честитаат на Бугарија и на Македонија за потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка. Овој важен, перспективен договор ги признава веќе воспоставените силни врски меѓу двете земји и ја отвора вратата за уште поблиска соработка во различни области како инфраструктурата и културата. Потпишувањето на овој Договор ќе придонесе за политичка стабилност и економски развој во поширокиот регион и нуди охрабрувачки пример за тоа како разликите меѓу соседите може да се решат мирно, се наведува во соопштението од Стејт департментот на САД. 
ЕУ Могерини 
 Овој договор ја покажува одлучноста на двете страни за надминување на билатералните прашања и претставува инспирација за целиот регион. Тој е позитивен чекор напред во добрососедските односи и ја зацврстува ЕУ перспективата на поранешната југословенска Република Македонија во интерес на нејзините граѓани, стои во заедничката изјава на Хан и Могерини.
ГЕРМАНИЈА 
Денес Бугарија и поранешната југословенска Република Македонија потпишаа историски договор за добрососедство во Скопје. Го поздравувам многу тоа што по многу години безуспешни преговори се најде консензуално решение на отворените прашања.
Со тоа двете држави испраќаат важен сигнал за успешна билатерална, но и регионална соработка на Балканот и за натамошната евро-атлантска интеграција на пјР Македонија.
Вреди да се напомене дека ова потпишување успеа да се спроведе за помалку од два месеци од инаугурацијата на новата македонска Влада.
Убеден сум дека новата Влада во Скопје ќе продолжи да го спроведува овој вид на конструктивна соработка консеквентно со сите соседи. Исто така ги поздравувам напорите на новата Влада, по долгогодишна стагнација сега конечно да започне со итно потребните реформи за приближување кон ЕУ“, стои во изјавата на Габриел.

Monday, July 24, 2017

Rusi uporni

Pogodete koj nedostasuva na ovaa SLIKICA



Nedostasuva veli komsijata Giorge Ivanov na ovaa slika iako ja mislam deka Putin nedostasuva. Kkao i da e belio ladno vino i seitr na ovie politicari i gragjanskiot aktivist.

Inaku onaa Afera SPION sto bese imalo li nesto so ruska sluzba ili samo bezveza sepoti skopskoto ulicarsko kafeansko politicko milje.

Saturday, July 22, 2017

SAD na BALKANOT

Заменик државниот секретар Брајан Хојт Ји 22 7 2017 посочи дека САД ќе го засилат својот ангажман на Балканот со цел да ги заштитат земјите од негативното влијание на Русија.Tреба да се одржи стабилноста и NATO евроатланските интеграции.
За таа цел во август американскиот потретседател Мајк Пенс ќе ја посети Црна Гора каде ќе се сретне со шефовите на влади и држави од Западен Балкан, а исто така и Стејт Департментот на САД ќе ги продолжи своите активности во регионот.
заедничките интереси во регионот, како што е тероризмот, Соединетите држави тесно ќе соработуваат со Москва. Но, таму каде што Русија и САД имаат спротивни интереси, Америка, решително ќе ги брани своите и интересите и вредностите на сојузниците, и ова е тоа што ние го правиме сега. Ние преземаме чекори за да ги зајакнеме државите од овој регион во однос на малигните влијанија, било тие од Русија, од други земји или други фактори, со цел да се увериме дека ниту Москва, ниту некој друг актер нема да успее да спроведе било какво штетно влијание на надворешната или внатрешната политика на балканските земји -изјави Ји за Гласот на Америка. Коментарите на Ји уследија по загриженоста дека предложените длабоки скратувања на буџетот на овој Оддел ќе ја минимизираат улогата на Вашингтон во кревките демократии кои се изложени на руското влијание.

Friday, July 21, 2017

Istoriski den 21 juli 2017

Денот кога групата која раководи со ВМРО ДПМНЕ  дојде во Апелација АПЕЛАЦИСКИ СУД СКОПЈЕ 1 Скопје.

1. Нема да бегаат,
2.Едвај чекаат судење да ја докажат невиноста
3. Не се виновни

Никола Груевски

НЕ СМЕАМ НИШТО ДА НАПИШАМ. ИМАМ САМОЦЕНЗУРА ЗА ОВОЈ ЛИК .Читајте на интернет за овој лик заради кој секој ден читам клетви од писателите Кепески и уште некои други кои ги собирале клетвите на македонскиот народ кон душманите уште од пусто турско па до ден денес.

Кирил Божиновски
бвинителот од СЈО, Бурим Рустеми, на денешното судење за случајот „Титаник“ рече дека бараат притвор за Кирил Божиновски, пренесе Макфакс
„Поради опасност од бегство и влијание врз соучесниците, бараме притвор. Тој не соработува во истрaжната постапка. Му се ставаат на товар две кривични дела – злосторничко здружување и злоупотреба на средства за финансирање на изборна кампања. Тој е во врвот на ВМРО-ДПМНЕ и има моќ врз членството. Единствено со притвор може да се спречи тоа влијание“, рече Рустеми.
Адвокатката на Божиновски, Сања Алексиќ, рече дека бараат да му се врати пасошот. Тие се повикуваат на тоа дека судот веќе еднаш одбил притвор за Божиновски во 2016 година и дека тој досега не бил осудуван.
„Судот треба да ги има предвид личната и семејна ситуација на обвинетиот“, изјави Алексиќ.
„Не сум влијаел врз сведоци и не извршувам државна функција. Редовно се јавувам во СЈО на сите покани. Имам семејство и со нетрпение ја чекам судската постапка“ рече Божиновски.
За да ја докаже невиноста, Божиновски вети дека редовно ќе се јавува пред судот
Миле Јанакиески

поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески на денешната јавна седница на Апелацискиот суд, рече дека не се чувствува виновен и дека нема намера да бега, ниту да ја опструира судската постапкa, пренесе порталот „Сведок“.
Сакам да го потсетам судот дека пред година ипол СЈО бараше притвор за мене, тогаш судот не определи никаква мерка и еве, сега сум тука, што значи немам намера да бегам. Исто така не е точно дека ја опструирам работата на Обвинителството, ниту пак планирам да ја опструирам работата на судот. Нека даде СЈО еден доказ дека не сум се појавил по уредно доставена покана. Напротив тие ја опструираа одбраната со тоа што не ни дадоа навремен увид во доказите , рече Јанакиески.
Тој како и неговите сопартијци кои пред него сведочеа пред апелациските судии рече дека сака час поскоро да започне постапката за да докажат дека се невини. Јанакиески, како и сите пред него, вети дека нема да бега.
Обвинителите на СЈО рекоа дека Јанакиески не се јавувал на покани и имал обиди за влијание на сведоци, а се очекува и да ја одолговлекува судската постапка. Исто така од СЈО го напоменаа и лиферуваниот записник за кој се претпоставува дека е излезен од кај Јанакиески.
Одбраната пак рече дека СЈО нема аргументи да бара притвор и дека тоа што не се појавил на неколку повици на СЈО не значи дека Јанакиески ќе избега.
На бившиот министер за транспорт на товар му се ставаат четири кривични дела.
На сите обвинети во оваа фаза на постапката адвокати им се Боро Тасевски, Димитар Дангов, Сања Алексиќ и Петар Василев, кои ги употребуваа истите аргументи, а одеднаш од сите предмети „исчезна“ Никола Додевски кој ги застапуваше во фаза на истрага.
Во меѓувреме, раководството на ВМРО ДПМНЕ ангажирало и други адвокати кои веќе поднеле приговори на обвиненијата, таму каде што е извршена достава.

 Гордана Јанкулоска

поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, побара да ѝ се врати пасошот. Таа денеска се појави во Апелациониот суд каде на седница беа разгледани жалбите за предметот „Титаник“ во кој Јанкулоска е обвинета за четири кривични дела, пренесе Макфакс.Специјалното јавно обвинителство останува на барањето за притвор. Обвинителот Гаврил Бубевски рече дека Јанкулоска се товари за создавач на група за злосторничко здружување

„Сите околности укажуваат дека однесувањето на обвинетата е за целосна негација на СЈО. Само еднаш се јави во СЈО. Одбегнува да се појавува во СЈО за да ја одолговлечи постапката“, рече Бубевски.
Тој рече дека Јанкулоска е една од главните извршителки на кривичните дејствија. Тој рече дека обвинетата презела директни дејствија со кои вршела влијание врз сведоци и дека постои опасност и во иднина да влијае врз сведоци.
Одбраната рече дека Јанкулоска била доктор на науки.


„Опасноста за бегство е апстрактна“, рече Боро Тасевски, еден од четворицата адвокати кои ја бранат Јанкулоска.
Адвокатот Дангов Димитар рече дека во постапката против Јанкулоска предвид се зема изјава на друг обвинет кој потоа станал сведок.
Обвинителот Гаврил Бубевски, пак, рече дека сведокот стана соработник на правдата.
Обвинетата Гордана Јанкулоска рече дека оваа постапка е позната во јавноста повеќе од 2 години и дека не сторила ниту едно кривично дело.
„Работев во интерес на Македонија во институции кои се борат против криминалот“, рече Јанкулоска.
Таа се пожали дека обвинителството ѝ дозволило само делумен увид во доказите. Ексминистерката рече дека одговорила на секоја покана на СЈО и дека едвај чека да почне судењето за да ја докаже нејзината невиност.
„Две години не сум влегла во МВР за имам влијание врз сведоци. 14 години вршам јавни функции, СЈО предлага мерки без никаква основа. СЈО спроведува политичка агенда. Не мислам да бегам. Фактите се на моја страна“, рече ексминистерката со треперлив глас.
.Мартин Протоѓер не дојде 

двокатот Боро Тасевски го извести Апелацискиот суд дека обвинетиот Мартин Протоѓер, поранешен шеф на кабинетот на премиерот Никола Груевски, бил на боледување во земјата и нема да се појави на судење. Според адвокатот, во моментот на подигнувањето на обвинението Протоѓер се лекувал во угледна воена болница во Будимпешта по што го прекинал лекувањето и ја доставил патната исправа, иако лекувањето требало да трае до јули, пренесе Макфакс.
Во прилог на ова тврдење тој приложил два специјалистички извештаи.
Од СЈО оценија дека од документацијата не можат да ја видат сериозноста на болеста, поради што судијката Лилјана Ивановска Шопова ја побара оригиналната документација. На тоа реагираше адвокатот Тасевски според кого не може обвинителството да оценува болест.
Матин Протоѓер е обвинет за три кривични дела во случајот „Титаник“ кој се однесува на изборните манипулации, меѓу кои и за злосторничко здружување. Неговата одбрана побара да му биде вратена патната исправа, наспроти СЈО кое инсистира да му биде одредена мерка притвор, за да се обезбеди негово присуство.

Thursday, July 20, 2017

Живот ли е Хитлер ли е


Овој со капата на глава стоеше до Чавков и му даваше подршка кога коментираже  дека пратениците во собранието биле малку тепани и нема одговорност на МВР . Сега како да му веруваме на Оливер дека живот пропагира кога овој со капата стои до него.

Овој со капата и до Нухиу стои без срам  и перде. Додуша професионалец е нема што кога застанал така, или поминал на другата страна како гулаб прелетач. Инаку ако ги слушнал Оливер бомбите ке види во Куманово за време на изборите како било и на кого се потпирала обвинетата Јанкуловска з а да го победи. Еден од тие ако сум слушнал добро е и овој со Капата како дел од врвот на МВР кој три дена бил во Куманово

Сончогледите се растенија а лугето се човеци и не се растенија.

http://telma.com.mk/vesti/sdsm-objavi-bomba-za-izborni-manipulacii-vo-kumanovo

https://www.slobodnaevropa.mk/a/26935281.html

Линкот на Телма ке ви го расказам . Мартин Костовски претседател на ОО СДСМ објавил телефонски разговори на прес конференција во Куманово во врска со изборите Разговор на Гордана Јанкуловска Кирил Божиновски во својство на Генерален секретар на Владата вов рсак со ангажман на Стефчо Јакимовски и Српската напредна странка како и Сашо Миитевски познат како ХИТЛЕР од МВР. Ова е парафразирано и можете да прочитате на линкот и на други медиуми. Е овој со капата зад ОЛИВЕР мене ми личи на Тој ХИТЛЕР што го кажуе Мартин Косотовски оти многу мака имавме кога трчавмена терен со него и неговите од полицијата  и со тој РИСТЕ соговорникот.

Tuesday, July 18, 2017

Pritvor za fraerite

ВО Ц13 во Шутка затвор Скопје е Најубаво. 
Ке им пуштам на ЗОНЕ РАДИО Поздрав на другарите мои. 
Тони Јакимовски
Горан Грујовски
Апелацискиот суд денеска одлучи да им додели притвор на Горан Грујовски, Тони Јакимовски и Никола Бошковски, сите вработени во МВР и обвинети во случаите „Таргет“ и „Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство.

За останатите обвиниети се потврдуваат претходните решенија на Кривичниот суд.
Сашо Мијалков, првообвинет во случаите „Таргет“ и „Тврдина“ коишто истраги по обвинителниот акт се споија во едно обвинение, останува само без својот пасош. За него СЈО бараше притвор, но притвор добија само вработените во МВР кои се обвинети за негови соработници.

ВМРО Експресно изјави

Одлуката на Апелационен суд, да се изрече притвор за три лица кои се предмет на политички прогон од страна на Специјалното јавно обвинителство е срамна и без никаков издржан правен аргумент, изјави денеска на прес-конференција Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека тоа е доказ дека судот подлегнал на притисоците.
– Одлуката е политичка, а не правна. Медиумите под контрола на СДС ја најавија уште пред да биде официјално соопштена. Тоа доволно говори околу начинот на кој што работел судот. Со ваквите одлуки се става крај на правната држава и започнува нарачаниот политички прогон – рече Данев.
Тој истакна дека со одлуката на Апелационен суд, се испраќа порака дека сите кои сите кои нема да ги поддржат „конструираните и политички монтирани обвиненија на СЈО“ ќе завршат во притвор.
– Одлуките кои денеска ги донесе судот се без преседан. Луѓето на кои денеска им беше одреден притвор изминатиот период ниту се обидоа да бегаат, ниту на некаков начин ја опструираа истрагата. Одлуките кои ги донесе судот се чиста политичка одмазда нарачана од СДС – рече Данев.
Тој им порача на судиите да не мислат дека Зоран Заев е семоќен и дека вечно ќе им дава поддршка, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на власт и дека ќе прави ревизија за незаконското работење и одлучување.
извор:либертас.мк

Tuesday, July 4, 2017

UBK MVR

Го гледам и читам вапајот на новиот директор на УБК додуша кон вработените во УБК деца, жени на линија на ВМРОВСКИТЕ послушници да бидат лојални на службата.Ова не го читам како молба до професионалците, тие се свесни, но очигледно е дека директорот веке се соочил со проблемите со кои пред една недела Драги Рашковски од владата веке плачеше дека крадат документи запалените ВМРОВЦИ.

Така е уверен сум инаку зошто кон вработените директорот јавно би им се обратил, јавноста не ја интересира тоа. Ова е некаква си акција да се смират страстите и да се испрати некаква порака на единство кое СДСМ нема да го добие посебно не во УБК. Таму се краделе и ке се крадат документи, ке отекнуваат информации нема бегање посебно во овој транзициски период.

Затоа директорот треба да си отвори акција, даси викне судија да отвори оперативни мерки и да работи на спречување на отекнување на информации.

УБК за мене е ГЕСТАПО зло кое ВМРО го има инсталирано целиот кадар кој за потреби на партијата мести, подметнува и пласира лаги за граѓаните кои подоцна се рефлектираат негативно кон животите  и со страв и закани се контролирата граѓаните. Тоа е УБК партиска експозитура на ВМРО ДПМНЕ која за потребите на партијата ги држи граѓаните во црна дупка.

Докази за овој мој лиЧен став и МИСЛЕЊЕ има неколку кои сум ги почувствувал на свој грб и тешко ке го смена и денеск аво моите очи и мисли УБК е УДБА и ОЗНА заедно за да ме разберат ВРОВЦИТЕ , а другите да ме разберат УБК е ГЕСТАПО и АБВЕР заедно.Но јас тоа го мислам слободно по УСТАВ нели не можам друг да го терам да мисли како мене.