Friday, August 4, 2017

АРШИНОТ НА ВМРО

Денеска ВМРО ДПМНЕ го јаде стапот околу одлуката на Апелацискиот суд околу прислушкуваните разговори во една од судските постапки на СЈО.Е па Никола и Антонио и другите сега може да го цитирате Законот, а кога се судеше аферата Шпион тогаш заборавивте на чл12 од ЗКП и упорно теравте сваровски судтвото да суди со незаконски стекнати докази, подметнати настани и без одобрение од суд снмени телефонски разговори.

Тоа што судиите од Македонското сваровски судство го направија на обвинетите во неколку големи афери вклучително и најмногу Аферата Шпион во која прислушкувани и снимени разговори незаконски бидејки нема одлука и решение од Врховен суд на Р.Македонија и таква не е издадена од Врховен судија за оваа афера. Согласно Закоот за следење на Комуникации таква е процедурата џза Кривични дела против државата во која Судија на Врховен суд има клучна одлука за Следење на Комуникации.Се извади СУдијата со соломонско решение дека не ги користел разговорите и следењето на комуникациите за да докажуе Шпионажа туку само Злосторничко здружување а СЈО го подржа ЈЕБОТЕ . Ех ех судијоооо судијооо....

Тука доаѓа до израз правната писменост односно неписменост на судиите и другите кои ја водеа акцијата се со намера да се наместат докази и подметнат невистини на секој од обвинетите посебно.

СЈО исто така направи неправда кон оваа судска постапка подрѓувајки незаконски прибавени докази од следење на комуникации . Тоа го направија смислено БИДЕЈКИ СЕГА НА ТАА ОДЛУКА НА апелација КЕ ГИ ТЕМЕЛАТ И СЕГАШНИТЕ одлуки на судовите. Е па ВМРО ДПМНЕ со свои постапки ке го јадете сега, а ПУЧ падна баш заради НЕЗАКОНСКО СНИМАЊЕ НА РАЗГОВОРИТЕодносно признанието на ЗАЕВ е незаконски снимено валјда ..

ЕВЕ ги реакциите до фронтмените а ВМРО ДПМНЕ

Судот не го издржа притисокот на СДС и не си ја исполни законската обврска судиите да одлучуваат само и само врз основа на Устав и на Закон и никако поинаку, истакна Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Што вели Законот по однос на употреба на материјали кои што можат или не можат да бидат сметани како докази?  Член 12, став 2 од Законот за кривична постапка вели дека доказите прибавени на незаконит начин, како и доказите произлезени од нив не може да се користат и врз нив не може да се заснова судска одлука. Нелегалното прислушкување на шпиони и разузнавачи , нелегалната операција за прислушкување на половина држава- политичари, бизнисмени и новинари, не може да биде озаконета затоа што е нелегална, без разлика на политичкиот притисок од СЈО или од СДС, додаде Милошоски.
И самите судии, додаде тој, кои ставиле потпис на ваква одлука многу добро го знаат Член 12, став 2 од Законот за кривична постапка.
-Нелегално стекнати материјали ниту можеле ниту можат да служат како докази во било која постапка. Кој се целите на СДСМ и нивните поддржувачи? Има две цели, првата цел е да се покрие криминалот сторен од Заев кој што е документиран на легален начин, а во криминалот тој бара поткуп од 200 илјади евра, а втората цел на СДСМ и СЈО и нивните блиски поддржувачи е да се дигне димна завеса во овој период кога Владата е неспособна да изгасне две депонии и десет пожари, кога Владата е неспособна да додели 100 илјади денари плата за лекарите специјалисти како што ветуваше, кога Владата е неспособна да склучи добар договор со Бугарија и кога Владата е неспособна за законски смени на директори во јавните претпријатија, па партизирањето го прави со брзање од ден на ден, вели Милошоски

Апелација потклекна под притисок на СДСМ: Со скандалозна одлука продолжува хајката против ВМРО-ДПМНЕ

Апелацискиот суд во Скопје денес донесе скандалозна одлука каква нема во судската пракса никаде во светот и во историјата на правосудството, а со која се укина решението на Основниот суд во Скопје со кое беше одлучено нелегално прислушкуваните материјали да не можат да се користат во постапка. Апелација со укинувањето на решението на Основен одлучи спротивно на закон и го прекрши чл. 12 ст.2 од законот за кривична постапка.„ Доказите прибавени на незаконит начин или со кршење на слободите и правата утврдени со Уставот на Република Македонија, законот и меѓународните договори, како и доказите произлезени од нив, не можат да се користат и врз нив не може да се заснова судската одлука. “ стои во чл.12 ст.2 од Законот за Кривична Постапка на Република Македонија.

Членот од законот е јасен и концизен и истиот не дозволува незаконски прибавени докази – односно докази кои не се прибавени во официјална кривична постапка – да бидат дел од постапка.
Оваа одлука е скандал и преседан од невидени размери и со ова се руши правниот систем, а граѓаните влегуваат во нова неизвесност – и сето тоа заради политичкиот интерес и притисок на СДСМ и нивните партнери, на кој потклекнаа судиите од Апелација.  Веќе никој не е сигурен дека нема да биде шпиуниран, следен, прислушкуван од агентите на Заев и Верушевски кои пак сега ги имаат и полугитена власта.
Прислушкувани разговори како законска категорија, спаѓаат во делот на посебни истражни мерки, за чија примена одлучува судија во претходна постапка по претходно барање на Јавен обвинител и со исполнети претходни претпоставки. Тие можат да бидат дел од кривична постапка само доколку се прибавени на горенаведениот начин. Се што е прибавено надвор од оваа со закон утврдена постпка се смета за противправен акт, а за секој противправен акт следува одговорност согласно закон.
Очигледно е дека судот  во изминатиов период се наоѓа под голем притисок од страна на СДСМ, кој првин вршеше притисок за ослободување од гонење на Зоран Заев, откако беше фатен жив како бара мито од 200.000 евра.  Откако ја завршија таа „мисија“, сега притисокот го насочија во политичка пресметка и хајка против ВМРО-ДПМНЕ  како партија и нејзини функционери, се со цел нарушување на угледот на партијата во очите на народот во пресрет на локалните избори.
Од ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати од партиски прес-конференции и изјави потенцираа дека за секое прекршување на законот ќе има правна одговорност по промената на власта и враќањето на правната држава.
„ Сите учесници во политичката хајки против ВМРО-ДПМНЕ треба да знаат дека власта не е дадена еднаш за секогаш и секоја незаконска одлука ќе биде ревидирана, а за прекршителите на законот ќе следи одговорност по промената на власта и враќање на правната држава и владеењето на правото во органите на власта“ , изјавија вчера од ВМРО-ДПМНЕ.

Судиите од Апелација направија кривично дело, им гарантираше ли некој дека нема да одат во затвор?

Согласно кривичниот законик, непочитување на правосилна судска одлука е кривично дело.Скандалозната одлука која денес ја донесе Апелациониот суд, а со која се укина решението на Основниот суд во Скопје со кое беше одлучено нелегално прислушкуваните материјали да не можат да се користат во постапка, е директно кршење на Законот за кривична постапка кој во член 12, став 2 е дециден дека
„Доказите прибавени на незаконит начин или со кршење на слободите и правата утврдени со Уставот на Република Македонија, законот и меѓународните договори, како и доказите произлезени од нив, не можат да се користат и врз нив не може да се заснова судската одлука.“
Но она што е дополнително важно во врска со целокупната незаконитост на оваа одлука на Апелација е дека за истиот предмет судија на претходна постапка веќе има донесено одлука која е потврдена од Кривичен совет и со која, токму според чл.12 став 2. на ЗКП е потврдено дека незаконски стекнатите материјали не може да се користат во судска постапка.
Согласно кривичниот законик, непочитување на правосилна судска одлука е кривично дело.
Прашањето кое е неминовно да се постави е дали некој им гарантираше на судиите од Апелација дека нема да одат во затвор носејќи ваква незаконска одлука, донесена под очигледен притисок на целата спрега на СДСМ и СЈО, а во функција на класичниот политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ