Александар Вучиќ, во интервју за РТС потврди дека агентот на BIA Горан Живаљевиќ на 27 април бил присутен во Собранието на Република Македонија. Е јас колку паметам Вучич разговараше со Иванов претседателот и решија ова прашање да го решат службите иако службите с епод демократска контрола на политиката и институциите. Ете кога дунстери од РМ договараат како да се реши проблемот и го ставаат под тепих сега излезе.
И бегалецот Горан Грујовски може да е во Србија да се пазарел со информации за слобода но тоа е Шпекулација која допрва ке излегуе на виделина.
Сепак, Вучиќ вели дека тој не бил пратен ниту од него, ниту од било кој од неговите претпоставени од Србија ,,Сакам да откријам нешто околу кое цело време молчевме. Тој Живаљевиќ не отишол во Собранието сам од себе, ниту ме прашал мене или прашал било кој од овде, иако нам мора да ни полага сметки. Тој ги прашал највисоките претставници на извршната власт во Македонија, највисококо раководство и рекол дека сака да биде таму. тие беа запознаени со неговото присуство таму,,
Rekoa дека господинот Живаљевиќ е одговорен за она што се случи во Собранието. Им беше тешко да вовлечат Бугари, Грци и Албанци, и ајде да ги вовлечеме оние кои немаат никакви територијални претензии кон Македонија, и кои никогаш не направиле ништо против Македонија – рече Вучиќ.Тој рече дека неговото присуство во Собранието било искористено за хајка против Србија.
новата македонска власт побарала Живаљевиќ да биде повлечен од Македонија и дека тој решил да го повлече иако, како што рече, српската власт немала никаква вина за 27 април.
Стоиљковиќ
Во изјавата за агенцијата Спутник тој вели дека нема логика судот да издаде наредба за примена на ПИМ мерки за него, бидејќи поседува безбедносен сертификат.
Стоиљковиќ за српското издание на руската агенција Спутник најави дека ќе ги тужи македонските служби бидејќи го прислушувале заедно со српскиот разузнавач Горан Живаљевиќ и српскиот новинар Мирослав Лазански.
„Ако прислушувате пратеник и го ставите на таканаречени ПИМ мерки, морате да имате одлука на судот, а за да добиете одлука на судот, мора да дадете образложение. Не знам и не сум свесен какво образложение би можело да биде за јас да бидам прислушуван кога имам безбедносен сертификат“, вели Стоиљковиќ. Ако не постои таква судска одлука за мое прислушување, вели тој, тогаш ќе тужам и ќе барам отштета.
Порталот Нова ТВ вчера објави за врските на претставникот на српската разузнавачка агенција БИА и советник во српската амбасада во Скопје Горан Живаљевиќ и пратеникот Иван Стоиљковиќ. Во текстот пишува дека Стоиљковиќ бил човек од доверба и најверен соработник на Живаљевиќ во Македонија, а преку Лазански двајцата ја спроведувале медиумската пропаганда непосредно пред крвавите настани во македонскиот парламент на 27 април.
Живаљевиќ за време на настаните на 27 април бил снимен во собраниската зграда.