Tuesday, March 7, 2017

Добредојде Бујар

Бујар ке помине низ Македонија или низ Косово. Добро би било да помине низ Македонија да седне со Ѓорге Иванов да расчистат некои работи, да си кажат што си имаат и да излезат со некое дипломатско соопштение да смират народот оти ВРИЕ. 

Ако нема дијалог нема ништо. Со тоа платформата и со протести и со други подземни тракатанции нема леб тука. Никола и Зоран и Али и сите тие заборавија нешто јако и двајцата дека многумина газеле и носеле власт , ама седат у историјата дека дозволиле народ да страда со погрешни инаетчиски политики. И тие исто така сега се пазареа Зоран има 67 Никола треба да се врати на демократските патеки и да седи у Парламент . Ете ги изборите кај и да е за 2 4 или помалку години . 

Решението е политика во Парламент.. Улица, Шума, Гора, Швајцарија и сл е само привидно добро краткорочно кој кого ке го заебе. Дијалог треба во Парламент, ми недостасуваат силни провокативни говори. Е тоа е демократска, а ова сега ПОЛИЦИСКА ДРЖАВА.Зошто оти сега нема институции па Полицијата држи стабилност, а не Парламент.

Албанците , Македонците и сите што живеата тука сите се во еден лонец и богами лонецот почнуе да врие , а едните ги влечат другите подлабоко. Нема бегање, ако мислат да тераат вака како Чардак ни на небо ни на земја. Нема тие се тие. Инаку како Ѓорге непризнаен од албанците сака да владее претседателски согласно закон устав и др.Мора да праи да е претседател на сите , а не да дели народ. Да голта и да притиска такво е времето и територијата и државата . Такво е. Инаку ке се изродат националисти маа не здрави националисти туку ЕКСТРЕМНИ НАЦИОНАЛИСТИ кои ги препознавам по ТВ екраните и Радијата нашминкани и дотерани националисти екстремни скриени некаде.

Ова сега е почетокот од албанскиот фактор на Балканот има уште и ако тераме како Ноеви ке биде лошо, ке биде напорно, ке биде тешко.Затоа треба силна политика како онаа дека Границите не се менуваат. И тоа го држи системот политички сите да седат у свои граници мирни и да немаат аспирации надвор. А дека водат политика водат Малку ли Македонија води сметка за своите надвор на пример во Албанија. По тоа прашање ако не сте биле во Ресен да отидете и да видите. Па затоа не праиме протестна нота за платформата изгледа сме се забораиле таму во Мала преспа.

Албанскиот претседател Бујар Нишани 7.3.2017  е во посета на албанските општини Прешево и Бујановац во јужна Србија. Тој ќе се сретне со локалните власти и со политичките претставници на Албанците, како и со просветни работници по повод Денот на албанските просветтители, кој се одбележува на 7 март. Не се предвидуваат средби со претставници на српските власти.

Главна тема на разговорите ќе биде ситуацијата на Албанците во јужна Србија и почитувањето на нивните права, особено во изучувањето на албанскиот јазик и култура. По повод посетата, Прешево и Бујановац се украсени со албански знамиња,

Јонуз Муслу, политичкиот лидер на поранешната Ослободителна војска на Прешево, Медвеѓа и Бујановац и актуелен претседател на Советот на општина Бујановац, изјави дека со посетата „се оствариле нивните соништа“, пренесоа медиумите на албански јазик

„Посетата на Нишани во Бујановац и Прешево има огромно значење. Ова е историска посета, посетата на милениумот, овој век ќе биде век на Албанците“, рече Муслиу, кој е и претседател на Националниот совет на Албанците во Србија. Тој додаде дека „за Албанците во Прешевската долина претседател е Нишани, а не Томислав Николиќ“, а исто така, дека го „очекуваат Нишани не како претседател на Албанија, туку како претседател на сите Албанци“.

Нишани е првиот албански претседател по 69 години, кој оди во Србија. Претходната посетата беше на тогашниот лидер Енвер Хоџа во 1948 година