Friday, March 3, 2017

Платформа на Тачи

Апсољутно го подржавам Мендух Лидерот Тачи и веднаш ке ја гледам неговата програма и идеја за индината на Македонија и нејзино редефинирање на политичкиот систем и тоа на невидено му давам целосна подршка. Албански знам како незнам на Гоооогле гоогле знае се.

Е тоа е супер што го кажа Тачи и ја исто мислам како ТАЧИ, тоа е иднината на Македонија па на следни избори бастионот на македонштината на пример село Марино или Кадино сите да гласаат за Тачи за да ја уреди Македонија по негов терк и нема да има никад проблеми. Ако Арачиново може да гласа за македонците додуша нели од СДСМ може и Марино и Кадино соседните села да гласат за ДПА. А Мендух е најдоброто решение, ако не за премиер за Претседател сигурно и тоа нешто ново да има малку акција.

Секој ден чекам парламентот во Тетово да се формира како паралелно тело иако мал парламент никулец веке има во Западна Македонија составен од советници на локалните власти таман да седнат у една сала и опаа парламент на невидено. Ако седнат сите советници у една Сала во Скопје не сум броел колку ги ма ете ти долен дом, а овој сегашниот Горен Дом и кралот, царот и сердарот најгоре.

Ако не така има една постојана комисија во Македонскиот парламент која се вика Комисија за односи меѓу заедниците околу 20 души се таму  од сите НАРОДИ кои живеат тука. Ете ти горен дом вбо Царска држава.

Е ова се проби како кај кројач кога ке шиете костим. Неколку проби и ете го.Така праат и со Макеоднија, ПОЛЕ ЗА ПОЛИТИЧКИ ПРОБИ И ПРОЕКЦИИ. Ете не само Надворешниот туку и внатрешниот непријател паркиран во политичките партии во централен комитет и ли централен одбор која каков има.
Лидерот на ДПА Мендух Тачи на денешната средба со високата ЕУ претставничка за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини искажал голема загриженост за политичката криза во Македонија.Како што изјави по средбата, посетата на Могерини е од особена важност за земјава во овој период.– Апелирам до сите граѓани, посебно до Албанците да не паѓаат на провокации зашто тоа не оди во прилог ниту за Албанците во Албанија ниту во Косово, рече Тачи.
На средбата со Могерини, додаде, рекол и дека по одлуката на претседателот Ѓорге Иванов се потврдиле тезите дека „е јалово Албанците да се организираат во политички партии кога има еден човек што нивните гласови ги множи со нула“.
Уште еднаш укажуваме дека Албанците треба да се приклучат кон платформата на ДПА и Албанците да бидат на исто ниво со Македонците, рече Тачи.
Според него, иако ДПА е опозиција, смета дека Иванов вчера требало да му го довери мандатот на лидерот на СДСМ Зоран Заев.