Friday, March 31, 2017

Obvinuvam isto kako i denes


Лека Дукаѓини

Повикале на обединување ТИРАНИТЕ

ЛЕКА ЛЕКА прво па потоа обединување. ..ОКО ЗА ОКО ЗАБ ЗА ЗАБ. ДО 9 колено Македонска клетва да ги фати , а не да викаат на обединување...

Тоа за Гордите послушници што се знојат таму кја КАТИЦА, се знојат у Парламент , се знојат пред ДИПЛОМАТИТЕ.

Знојни се па смрди дур до Гевгелија цела Македонија..

Drzavna Bezbednost UDBA

Kolku da ne zaboravam za ovaa  rabota.Potrebna mi e....

Dokumentaren Film LUSTRACIJA VO MAKEDONIJA. Na MAX TV go ima n 5 epizoda

Lavirint produkcija
MRT
2016
Igrano dokumentarna programa


- Sina Ptica
- Duvlo
- Aleksandar Dinevski
- Ivan Sokolov
- Florovski

Za potrebite na Filmot Govori Ljubco Georgievski vo svojstvo na pretsedatel na VMRO DPMNE za aferata Sina Ptica i za Dragan Mlekceto Stojmanovski misli deka se prezival i davaat slikata na Mlekceto.Hehehehehehehe......Mlekce bre, a Dobri si umre, ama KARO e ziv.

Dokumentaren film za Drzavnata bezbednost na R.Makedonija promoviral Ljupco Georgievski i Boris Zmejkovski so film za sostanokot vo SINA PTICA.

Intervju na Ljubco Georgievski na TV na Makedonska Televizija vo emisijata BEZ NASLOV NO SO POVOD so koj veli deka DB na MVR formirala paravoena edeinica i za nekoj Ljubo Jovanovski Rendzer.

Duel na Makedonska TelevizijA lJUBCO gEORGIEVSKI so Dobri VELICKOVSKI od Drzavna Bezbednost na MVR. Vo taa emisija Ljubco veli deka DB raboti protiv VMRO DPMNE. Gi vadi dokumentite pred Dobri Velickovski koga i s eslucilo Aleksandar Dinevski da bide priveden i rasprashuvan.

Ete liceto Stojanovski Goce od Kriva Palanka dava izjava vo Emisijata kako Drzavna Bezbednost od Kumanovo i Kriva Palanka go rabotele kako clen na VMRO DPMNE. Gi pokazuvaat dokumentite Nacalnik na UBK Goran Stankovski i Stevce Jakimovski potpisniic na dokumentie, a Malden Stamenkovski go isprasuval vo prostoriite na MVR Kriva Palanka . Istiot Goran STankovski i kaj Filip Petrovski

Dosie TEMEL za VMRO DPMNE

p.s Na sajtot na Sobranie 53 sednica ima se za Aferata Sina Ptica za sobraniskata sednica na Makedonskoto Sobranie moze da ja vidi bilo koj saka.

Thursday, March 30, 2017

Jas na Malta

Ние Македонците сегде не има. Еве на нас гастрбајтерите од Македониаја во Малта, келнери, малтерџии и други професии кои овде на Малта уживаме во посета ни дојде Никола Груевски и неговата 50 бројна екипа кои ги служиме и двориме на терет на европска унија, ама и они плаќаат.

Ете нас Македонците како мала заедница на Малта груевски не не прими ама ние како келнери и собари сепак му се врткавме околу него му носевме вода и негазиран сок , аи малиот благо не јаде.

Слики има многу напраено па ке го презентираме нашиот премиер во најдобро светло дека бил од навистина господин и голем цар не спушта ниво он ама и го чуваат овие неговите.

Не ми е јасно само како тоа нашите седат 5 ред од позади и како тоа ке се прикаже на таканаречените куртонски медиуми кои ме избркаа од Македонија дали сме стаени у ЛОЖА од далеку да гледаме или сме стаени у 5 ред од позади оти пролив има некој од нашата делегација од јадењето и климата тука на Малта.

Ех ние со блгарски пасапорти си праиме пари , па и Грујовски и еден млад о него Влатче ли беше сите колку и да сакаш не сакаш ги слушаш шо зборат на македонски и си молчиш така е тоа професионализам на бугарски начин

Tuesday, March 21, 2017

Борбата на царот

Целата вистина за животот и борбата со злото

Ех Јане Јане 



Прле и Тихи

Георге и Орбан си разговарале за ШПИОН аферата во Македонија која ги унапреди односите мегју двете земји и си размениле искуства околу тоа прашање.

Орбан го информирал нашиот претседател  кој поднел молба од осудените во ШПИОН за политички азил при што начиот претседател дал силна теориска и стручна елаборација на овој предмет од кој произлегоа многу добри и позитивни работи за Македонија.

Исто таака во врска со ШПИОН на Горге му биле претставени Золтан и Арпад кои биле вмешани во аферата ШПИОН и истите на осудените им испратиле пригодни подароци кафе , цигари и куртони и книги на унгарски јазик за да им се најдат таму во Македонија.

Георге не се изјаснил директно дали ке ги помилуе пулените на ОРБАН од ШПИОН оти многу грешеле бидејки сакале да ја шпијунираат Македонската морнарица за потребите на Унгарската морнарица.

И сличица
двата елитни лидери


Monday, March 20, 2017

Георге во Будимпешта

Претседателот Иванов денеска престојува во работна посета на Унгарија, каде во Будимпешта ќе оствари средби со неговиот унгарски колега Јанош Адер, со премиерот Виктор Орбан и со претседателот на Парламентот Ласло Ковер

Ете идеална прилика да расчисти со пријателска Унгарија за мешањето во внтарешните работи на Македонија од страна на Унгарија во аферата позната како ШПИОН која е правосилна и пресудена од страна на Македонското судство и СЈО.

Илис амо Албанија се меша во внатрешните работи на Македонија,а другите се пријателски. Ај ке видиме како ке каже претседателот за односите со Унгарија , а може и кој орден ке падне за подобра биографија и ЦВ.

Мене лично ми е сеедно сеедно ми е оти ја знам вистината. Ке клечи ке клечи сатрапот до девето колено си знае тој ...ни дете ни коте ни внук ни правнук....

Friday, March 10, 2017

ЛАВ


Страшан лав“ – Душко Радовиќ

Био једном један лав.
Какав лав?
Страшан лав!
Нарогушен и љут сав!
Страшно, страшно!
Не питајте шта је јео –
тај је јео шта је хтео:
трамвај цео
и облака један део!
Страшно, страшно!
Ходао је на три ноге,
гледао је на три ока,
слушао је на три ува …
Страшно, страшно!
Зуби оштри, поглед зао,
тај за милост није знао!
Страшно, страшно!
Док га Брана једног дана
није гумом избрисао.
Страшно, страшно!

Wednesday, March 8, 2017

Платформа за скокање

Kasno se seti drzavata oti bile na odmor deka ima vakva platforma, Dobra e i baraat se soglasno Ustav i Ohrid Framework potpipan od Boris Trajkovski i drugite. Албанците бараат Постигнување целосна рамноправност во согласност со Охридскиот Договор и Уставот. Се друго е извртување на политичарите.
Што би рекол Јебе луд збуњенога..
7.1.2017

Албанските партии во Македонија во саботата објавија дека ја усвоиле заедничката платформа, зад која стојат ДУИ, Движењето БЕСА и Алијансата за Албанците, која ќе биде основа на партиите на Албанците во преговорите за формирање на нова влада, и во која се бара албанскиот јазик да добие статус на официјален, економска рамноправност, со учество на албанските партии да се реши спорот за името со Грција како наводен услов за интеграции во Европската унија и НАТО, но и непристрасна работа на Специјалното јавно обвинителство, и редица други барања, меѓу кои и осуда на „геноцид врз Албанците во Македонија“.Оваа заедничка декларација доаѓа десетина дена по средбите во Тирана со албанскиот премиер Еди Рама, и два дена по средбата во Приштина, на покана од косовскиот претседател Хашим Тачи. По овие две средби беше најавено дека челниците на ДУИ, Али Ахмети, на Преродба со БЕСА Биљал Касани и на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, ќе излезат со заедничка платформа која ќе биде став за преговорите со големите политички блокови на Македонците, за формирање коалициска влада.
Во изјавата трите партии нагласуваат дека тргнуваат од слободната и демократска волја на албанските гласачи изразена на предвремените парламентарни избори во Република Македонија, на 11-ти декември, дека се посветени на просперитет и долгорочна стабилност на Македонија и определени, без алтернатива, за интеграција во НАТО и во ЕУ.
Во писмената изјава се наведува и дека оваа декларација „која е составена од страна на албанскиот фактор, и е поддржана од страна на албанските партии во Македонија, за која ниту една посебна албанска партија нема посебна заслуга, туку сите се подеднакво заслужни, ја изразува заедничката волја дека било која партија која денеска и во иднина може да биде дел од власта, да се залага дека со било која владина програма со било кој македонски партнер овие точки да бидат главен приоритет врз основа на кои ќе се подржи одредена владина програма“.„По извршените консултациите со претставници на албанската држава, со заедничка цел да се произведе една заедничка декларација на албанските партии во Македонија, со цел да покажеме посветеност дека Албанците се подготвени да поддржат една заедничка кауза, централното Претседателство на Движењето БЕСА ја усвои ова Декларацијата на албанските партии во Македонија“, истакнуваат од БЕСА.
Истовремено покрај содржината на декларацијата, од Движењето БЕСА, нагласуваат дека оваа изјава е во целосна согласност со нивната платформа насловена „Редифинирање“ и со изборната програма на Движењето БЕСА.

Точките се 
 1. Постигнување целосна рамноправност во согласност со Охридскиот Договор и Уставот
2. Постигнување економска рамноправност и општествената благосостојба, особено преку рамномерен регионален развој
3. Зајакнување на владеењето на правото, како предуслов за напредок на евроатлантскиот интегративен процес
4. Создавање дух на доверба во функција на добри меѓуетнички односи како суштински елемент за политичка стабилност во земјата
5. Решавање на спорот со името, во согласност со европските вредности и принципите на меѓународното право
6. Добри односи со соседите
7. Брза интеграција во НАТО и во Европската унија


Заедничката изјава на партиите на Албанците (интегрално).

Ние, претставниците на албанските политички партии во Македонија: Демократската унија за интеграција, Коалицијата Преродба со БЕСА и Алијансата за Албанците; почитувајќи ја слободната и демократска волја на албанските гласачи изразена на предвремените парламентарни избори во Република Македонија, на 11-ти декември, во духот на Охридскиот договор, на консензуалната демократија и потребата за исполнување на нормативните обврски кои произлегуваат од уставните измени, реафирмирајќи ги заедничките програмски и стратешки определби на албанците и сите граѓани на Република Македонија, посветени за просперитет и долгорочна стабилност на Македонија, предводени од заедничката посветеност за мир, стабилност, безбедност, меѓуетнички соживот, во духот на еднаквоста и достоинството, во согласност со европските и меѓународните конвенции, верска хармонија и соработка во земјата и регионот и ппределени, без друга алтернатива, за интеграција во НАТО и во Европската унија – Се согласуваме за взаемна поддршка на заедничката политичка агенда која предвидува реализација на следните цели, во идниот владин мандат и/или во секој понатамошен мандат;
1. Постигнување целосна рамноправност во согласност со Охридскиот Договор и Уставот
– Правилно спроведување на принципот на мултиетничноста во Уставот на РМ, каде Албанците се сметаат како државотворна нација, поддржување секаква правна и уставна иницијатива која ja зајакнува националната рамноправност за албанското население.
– Постигнување целосна јазична еднаквост, употребата на албанскиот јазик на сите нивоа на власта и гаранција за неговата примена како фундаментално и уставно право. Уставот на Република Македонија треба да утврди дека „македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик со неговото писмо се официјални јазици во Република Македонија”.
– Сеопфатна дебата за знамето, химната и државниот грб на Република Македонија, со цел државните симболи да ја рефлектираат општествената мултиетничност и етничката рамноправност.
– Усвојување на Резолуција во Собранието на Република Македонија со која се осудува геноцидот врз албанскиот народ во Македонија во периодот од 1912 до 1956 година.

2. Постигнување економска рамноправност и општествената благосостојба, особено преку рамномерен регионален развој
– Создавање нов механизам, во форма на една државна комисија за финансирање на општините, за донесување одлуки со право за владини грантови во корист на општините.
– Создавање министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, како надлежен орган за почитување на правата на заедниците и поттикнување на економскиот и социјалниот развој во неразвиените подрачја.
– Остварување правична застапеност во органите за безбедност, војската, разузнавањето и правдата.
– Остварување правична застапеност во сите нивоа на централната власт, како и во јавните служби или претпријатија со јавни акции.


3. Зајакнување на владеењето на правото, како предуслов за напредок на евроатлантскиот интегративен процес
– Спроведувањето на реформите во согласност со Договорот во Скопје, Препораките на Прибе, итните препораки на Европската комисија како и Препораките од Пристапниот дијалог на високо ниво со ЕУ.
– Поддршка за непристрасно вршење на работата на Специјалниот обвинител, без етнички и политички предрасуди.
– Целосно расчистување на прашањата и судските постапки како „Сопот”, „Бродец”, „Монструм” и „Куманово” преку една анкетна комисија или меѓународен независен орган.


4. Создавање дух на доверба во функција на добри меѓуетнички односи како суштински елемент за политичка стабилност во земјата
– Преземање на афирмативни мерки за обезбедување финансирање на албанските културни институции на централно и локално ниво.
– Создавање на една централна институција за унапредување на јазиците на заедниците, која ќе обезбеди подготовка на преведувачи, уредници и предавачи.

5. Решавање на спорот со името, во согласност со европските вредности и принципите на меѓународното право
– Усвојување заедничка и обврзувачка резолуција во Собранието на Република Македонија со која Владата на Република Македонија е обврзува активно да се вклучи кон решавањето на спорот со името.
– Вклучување на Албанците во работната група за директни преговори со Грција.

6. Добри односи со соседите
– Вклучување на Албанците во работната група за директни преговори со Бугарија.
– Соработка со Косово и Албанија за интегрирано гранично управување.
– Отворање на нови гранични премини.

7. Брза интеграција во НАТО и во Европската унија
– Исполнувањето на горенаведените точки ќе го деблокира патот на Македонија кон целосна интеграција во НАТО и отворање на преговорите за членство во Европската унија.
Исполнувањето на овие цели ќе се следи преку организирање тркалезна маса на албанските парламентарни партии. Тркалезната маса на албанските парламентарни партии ќе се одвива во согласност со принципот на ротација и ќе служи како платформа за усогласување на политичкото дејствување и транспарентна комуникација со меѓународните партнери на Македонија, особено барајќи ја поддршката на Европската Унија и меѓународните институции. Тркалезната маса ќе ги определи роковите за спроведување на горенаведените цели, во согласност со законите и Уставот на Република Македонија./крај/мф

Tuesday, March 7, 2017

Глупо ама Мисле

Став на САД.
По јасно здравје
Е сега Космодиск. Георги мозе да е глупо ама работат америте.
денеска 7.3.2016 од Загреб заменик помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Хојт Брајан Ји дека САД се заинтересирани за стабилноста и просперитетот на државите во регионот
Искрено се надеваме дека македонскиот претседател ќе им овозможи на пратениците кои изразија желба за тоа и на партиите што тие ги претставуваат да формира влада што е можно поскоро, бидејќи на Македонија и треба влада која ќе ги продолжи и ќе ги доврши почнатите процеси во рамки на претпристапниот процес на Европската Унија - изјави Ји. 
И тој Хојт Ји тука бил на терен во регионот, нешто глупо ке се дешава. Гледам дека Трамп не го сменуел бе брат, тука е . А И МИЛЕНКО ЕДНО ВРЕМЕ НА РАДИО ВЕЛЕШЕ Хојт ЈиХојт ЈиХојт ЈиХојт ЈиХојт ЈиХојт ЈиХојт ЈиХојт ЈиХојт ЈиХојт ЈиХојт ЈиХојт ЈиХојт ЈиХојт ЈиХојт ЈиХојт ЈиХојт ЈиХојт ЈиХојт Ји СО НАМЕРА ДА ГО НАВРЕДИ ДИПЛОМАТО ЛИ ДА ГО ВОЗДИГНЕ НЕ ГО СВАТИВ ТОГАЈ. 
Во однос на регионот, тој истакна дека од клучно значење е да се продолжи со реформите и да се достигнат европските стандарди, за земјите од регионот да продолжат на евроатлантскиот пат. 

Добредојде Бујар

Бујар ке помине низ Македонија или низ Косово. Добро би било да помине низ Македонија да седне со Ѓорге Иванов да расчистат некои работи, да си кажат што си имаат и да излезат со некое дипломатско соопштение да смират народот оти ВРИЕ. 

Ако нема дијалог нема ништо. Со тоа платформата и со протести и со други подземни тракатанции нема леб тука. Никола и Зоран и Али и сите тие заборавија нешто јако и двајцата дека многумина газеле и носеле власт , ама седат у историјата дека дозволиле народ да страда со погрешни инаетчиски политики. И тие исто така сега се пазареа Зоран има 67 Никола треба да се врати на демократските патеки и да седи у Парламент . Ете ги изборите кај и да е за 2 4 или помалку години . 

Решението е политика во Парламент.. Улица, Шума, Гора, Швајцарија и сл е само привидно добро краткорочно кој кого ке го заебе. Дијалог треба во Парламент, ми недостасуваат силни провокативни говори. Е тоа е демократска, а ова сега ПОЛИЦИСКА ДРЖАВА.Зошто оти сега нема институции па Полицијата држи стабилност, а не Парламент.

Албанците , Македонците и сите што живеата тука сите се во еден лонец и богами лонецот почнуе да врие , а едните ги влечат другите подлабоко. Нема бегање, ако мислат да тераат вака како Чардак ни на небо ни на земја. Нема тие се тие. Инаку како Ѓорге непризнаен од албанците сака да владее претседателски согласно закон устав и др.Мора да праи да е претседател на сите , а не да дели народ. Да голта и да притиска такво е времето и територијата и државата . Такво е. Инаку ке се изродат националисти маа не здрави националисти туку ЕКСТРЕМНИ НАЦИОНАЛИСТИ кои ги препознавам по ТВ екраните и Радијата нашминкани и дотерани националисти екстремни скриени некаде.

Ова сега е почетокот од албанскиот фактор на Балканот има уште и ако тераме како Ноеви ке биде лошо, ке биде напорно, ке биде тешко.Затоа треба силна политика како онаа дека Границите не се менуваат. И тоа го држи системот политички сите да седат у свои граници мирни и да немаат аспирации надвор. А дека водат политика водат Малку ли Македонија води сметка за своите надвор на пример во Албанија. По тоа прашање ако не сте биле во Ресен да отидете и да видите. Па затоа не праиме протестна нота за платформата изгледа сме се забораиле таму во Мала преспа.

Албанскиот претседател Бујар Нишани 7.3.2017  е во посета на албанските општини Прешево и Бујановац во јужна Србија. Тој ќе се сретне со локалните власти и со политичките претставници на Албанците, како и со просветни работници по повод Денот на албанските просветтители, кој се одбележува на 7 март. Не се предвидуваат средби со претставници на српските власти.

Главна тема на разговорите ќе биде ситуацијата на Албанците во јужна Србија и почитувањето на нивните права, особено во изучувањето на албанскиот јазик и култура. По повод посетата, Прешево и Бујановац се украсени со албански знамиња,

Јонуз Муслу, политичкиот лидер на поранешната Ослободителна војска на Прешево, Медвеѓа и Бујановац и актуелен претседател на Советот на општина Бујановац, изјави дека со посетата „се оствариле нивните соништа“, пренесоа медиумите на албански јазик

„Посетата на Нишани во Бујановац и Прешево има огромно значење. Ова е историска посета, посетата на милениумот, овој век ќе биде век на Албанците“, рече Муслиу, кој е и претседател на Националниот совет на Албанците во Србија. Тој додаде дека „за Албанците во Прешевската долина претседател е Нишани, а не Томислав Николиќ“, а исто така, дека го „очекуваат Нишани не како претседател на Албанија, туку како претседател на сите Албанци“.

Нишани е првиот албански претседател по 69 години, кој оди во Србија. Претходната посетата беше на тогашниот лидер Енвер Хоџа во 1948 година

Унгарија не брани

Со сета почит ама дојдовме на такво дереџе државата УНГАРИЈА која е главна во аферата ШПИОН да не брани, а таа со своите осудени ШПИОНИ којзнае што сакала или праела во Македонија 

Исто како и за Албанија сега така и за Унгарија немаше Демарш или слично.

До каде дојде оваа власт кога ја бранат Унгарците , а луге осудија за нивни Шпионски активности. Додуша на Орбан Унгарскиот премиер му дадода ОРДЕН во исто време кога Шпионите ги апсеа, ама тоа било друго. 

Па пријатели ли се или непријатели. Ја мислам дека се пријатели.

За време на последниот состанок на Советот за надворешни работи, UNGARSKIOT MINISTER ZA NADVORESNI RABOTI   ги повикал европејците  да излезат во однос на ова и да објават став во за него, бидејќи е многу чудно што некои партии имаат или немаат дозвола да одат во коалиција со една или друга партија на територија на друга земја. Ова беше многу чудна процедура, но уште почудно беше што Европската унија не кажа ништо за тоа. Унгарија  досега беше многу гласна за тоа, исто така и отворена, а и според Сијарто ќе продолжи да биде таква. На состанокот на Советот за надворешни работи, каде на агендата ги има и Западниот Балкан, јСИЈАРТО од УНГАРИЈА  ќе бидел многу силен за ова. Причината е што е едноставно неприфатливо она што се случува.  ставот на УНГАРИЈА  е многу цврст без оглед на тоа дали ќе останеме сами или ќе бидеме тројца, четворица или петмина против т.н. албанска платформа, најави Сијарто во изјава за МИА.

Преживеавме ама ете и тоа дојде да не бранат

Monday, March 6, 2017

Враќање во иднината

За живот во Историска Македонија и Европејски сојуз. 



Saturday, March 4, 2017

Извештај за фалби 2017

Стејт департментот  го објави годишниот Извештај за состојбите со човековите права во Македонија 2017
значајно кршење на човековите права се рефлектира и преку
 политичко мешање и влијание врз добро етаблирани лица, 
одолговлекување на судските постапки, 
кршење на правата за правично и јавно судење, и 
корупција во целокупниот судски систем
Најголемиот проблем со кршење на човековите права и практики произлегува од сеприсутната (широка) корупција и 
потфрлувањето (неуспехот) на Владата да го почитува владеењето на правото, 
вклучително континуираните напори за рестрикции по однос на слободата на медиумите, 
мешање во судството и попречување во работата на Специјалниот јавен обвинител, како и 
селективната правда.
Владата не преземаше доволно чекори за да ги истржи, процесира или казни службениците кои ги прекршиле правилата и процедурите,а вкучително и полициските службеници за прекумерна употреба на сила. Неказнивоста и понатаму е значаен и широкораспространет проблем“, вели сижето на извештајот.

Friday, March 3, 2017

Бранител на демократијата



Уживам и се смеам оти знам дека ке седнат и ке се договараат секако како попчиња.

Мислам дека Горге Иванов не сака стабилна Македонија со одбивањето да го даде мандатот на мнозинството. Инаку ја да сум како него ке им дадам Мандат да видиме што ке прават. Да им го видиме акалот на СДСМ и ДУИ, АКо не ги бива ете интерпелации и сл. протести. Вака не го дава и не знаеме што имаат намера да прават. Што и да прават штетата е поголема без влада.

За сеир ја да сум како ДУИ сега ке му понудам на ВМРО да се формира влада. Да се предомислат малку па да искомплицираат уште појке и тие ке си се во влада на Горге ке го даде мандатот ке се сврти народот против него ако не го даде. Ова хипотетички. Ајде деца да се поиграме малку. ПЛАТФОРМАТА нормално од неа нема назад. Платформата е МУСТ за албанците од неа нема д аотстапи никој веке наредни 15 години. Тврда е....

Груевски и такозвана елита успешно се крие зад народот демек спонтано се собрале да го подржат. Милошевич политика тоа е . Спонтано се собрале исто како спонтано што беше и Шарена револуција. Се некако спонтано многу свесни овој народ во Македонија. Сега ВМРО ги контролира улиците, да не протестира некој против одлуките да не се формира влада.

Е сега албанците спонтано ке се соберат во Тетово Куманово, Дебар а богами и Скопје, па ке имаме турлитав.Нема да се знае кој за што е и опа еве Мисија на ЕУ во Скопје како на Косово.

Ни комунистите не ја бранеа власта толку колку ВМРО што ја брани овие денови. Ке ја изгубат власта, а десет години велеа институционално да се решаваат проблемите.Кога ги канеа СДМ да се вратат у парламентот и слични тракатанции лани полани и преклани.

И кога ке ја изгубат власта ке се отворат документите и парите да се вратат во држаната каса и трезор и ке видиме Субрата парите и други позајнмици другите парички каде се одлеале. пари пари пари кај брачата ДАЛТОНИ

Тоа плачковците се плашат, а народот се знае секогаш под присила протестира.

Овие тенковите се ВМРО, а овој доле со кесето секако е СДСМ. После ке се сменат малку па Овие тенковите се СДСМ, а овој доле со кесето секако е ВМРО. Е така ЈАВНИ НАРОД и ЛАПАЈ ПАРИ и сите спонтано ке протестираат.

И буџетот тенко е тенко...

Уживам и се смеам оти знам дека ке седнат и ке се договараат секако како попчиња.

Платформа на Тачи

Апсољутно го подржавам Мендух Лидерот Тачи и веднаш ке ја гледам неговата програма и идеја за индината на Македонија и нејзино редефинирање на политичкиот систем и тоа на невидено му давам целосна подршка. Албански знам како незнам на Гоооогле гоогле знае се.

Е тоа е супер што го кажа Тачи и ја исто мислам како ТАЧИ, тоа е иднината на Македонија па на следни избори бастионот на македонштината на пример село Марино или Кадино сите да гласаат за Тачи за да ја уреди Македонија по негов терк и нема да има никад проблеми. Ако Арачиново може да гласа за македонците додуша нели од СДСМ може и Марино и Кадино соседните села да гласат за ДПА. А Мендух е најдоброто решение, ако не за премиер за Претседател сигурно и тоа нешто ново да има малку акција.

Секој ден чекам парламентот во Тетово да се формира како паралелно тело иако мал парламент никулец веке има во Западна Македонија составен од советници на локалните власти таман да седнат у една сала и опаа парламент на невидено. Ако седнат сите советници у една Сала во Скопје не сум броел колку ги ма ете ти долен дом, а овој сегашниот Горен Дом и кралот, царот и сердарот најгоре.

Ако не така има една постојана комисија во Македонскиот парламент која се вика Комисија за односи меѓу заедниците околу 20 души се таму  од сите НАРОДИ кои живеат тука. Ете ти горен дом вбо Царска држава.

Е ова се проби како кај кројач кога ке шиете костим. Неколку проби и ете го.Така праат и со Макеоднија, ПОЛЕ ЗА ПОЛИТИЧКИ ПРОБИ И ПРОЕКЦИИ. Ете не само Надворешниот туку и внатрешниот непријател паркиран во политичките партии во централен комитет и ли централен одбор која каков има.
Лидерот на ДПА Мендух Тачи на денешната средба со високата ЕУ претставничка за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини искажал голема загриженост за политичката криза во Македонија.Како што изјави по средбата, посетата на Могерини е од особена важност за земјава во овој период.– Апелирам до сите граѓани, посебно до Албанците да не паѓаат на провокации зашто тоа не оди во прилог ниту за Албанците во Албанија ниту во Косово, рече Тачи.
На средбата со Могерини, додаде, рекол и дека по одлуката на претседателот Ѓорге Иванов се потврдиле тезите дека „е јалово Албанците да се организираат во политички партии кога има еден човек што нивните гласови ги множи со нула“.
Уште еднаш укажуваме дека Албанците треба да се приклучат кон платформата на ДПА и Албанците да бидат на исто ниво со Македонците, рече Тачи.
Според него, иако ДПА е опозиција, смета дека Иванов вчера требало да му го довери мандатот на лидерот на СДСМ Зоран Заев.