Tuesday, November 28, 2017

ЗАЕВ и ОРБАН

Дали го прашал за Орденот 8 Септември од 2013 година и за судскиот случај ШПИОН во Македонија за д аси разменат искуства од ПУЧ и ШПИОН двајцата лидери.











Скопје, 28 ноември, 2017 - 16:56 (META и  владината прес-служба



Премиерот Зоран Заев денеска, на маргините на Самитот на шефови на влади на Источна и на Централна Европа за соработка со НР Кина, се сретнал унгарскиот премиер Виктор Орбан 
Во разговорот со Орбан, Заев посебно го нагласил инсистирањето на соработката со опозицијата за сите крупни и позначајни прашања, битни за евроатлантските интеграции на Република Македонија. Тој, исто така, се заблагодарил во име на Владата за поддршката на Унгарија во обезбедувањето на македонската јужна граница со Грција, во однос на мигрантската криза со која се соочува ЕУ.
Како што соопштуваат од владината прес-служба, на средбата било заеднички истакнато дека Република Македонија и Унгарија имаат одлични односи и дека ќе настојуваат и понатаму да ги унапредуваат во сите области.
Премиерот Орбан, кој на средбата бил придружен од министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, се заблагодарил за учеството на Република Македонија на самитот и воедно му упати честитки за премиерот Заев за неговиот избор за претседател на Владата на Република Македонија.
Унгарскиот премиер нагласи дека неговата земја, како и досега, ќе продолжи со својата поддршка кон Република Македонија во евроатлантските интеграции.Економската соработка е во подем а Унгарија ќе продолжи да ги стимулира своите компании да инвестираат во регионот тој рекол дека треба да се искористи периодот за време на бугарското претседавање со ЕУ и, особено, личната заложба на премиерот Борисов за интензивирање на интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ.