Избран претседател на суд и ете да имамае трага што изјавувал.за да го потсетиме за некое време ако стане многу опиен од фотељата
Новоизбраниот претседател на Основниот суд Скопје 1 е судија 15 години: последните девет години како судија, а претходно како стручен соработник во кривичниот совет.
Тој беше избран од Судскиот совет со 11 гласа „за“ и два „против“.
Кандидати за претседател на Кривичниот суд беа и судиите Весна Димишкова, Оља Ристова, Ивица Стефановски, Ѓоко Ристов, Верка Петковска, Осман Шабани и екс-претседателот на судот, Владимир Панчевски кој има силна акција и интеракција со СЈО на Катица Јанева мега звездатата на Македонската политичка сцена..
Изборот на нов претседател на скопскиот Кривичен суд уследи откако досегашниот в.д. претседател, Стојанче Рибарев, на 25 октомври поднесе оставка од лични причини и побара да се врати на претходната позиција – судија во Врховниот суд.
Многу ми значи довербата што ја добив, и за мене таа претставува огромна обврска функцијата да ја извршувам на наjдобар можен начин“, изјави за Дојче веле судијата Иван Џолев, додека ги примаше првите честитки од колегите, по неговиот денешен избор за претседател на Кривичниот суд.
„Знам дека очекувањата на јавноста се големи, и со право. Потребно е да се врати довербата во судството, вербата во правда и правичност. Ме чека многу работа. Веднаш по давањето свечена заклетва ќе започнам со работа и анализи, бидејќи Судот во моментов речиси е на колена. Судот е без секретар, без управител, а наскоро заминуваат и 15-тина судии кои овде беа делегирани од други судови, бидејќи им истекува мандатот. Ќе има испразнети места, ќе мора веднаш да се реагира и да се види кои клучни места не трпат одлагање во кадровското екипирање“, потенцира Џолев.
Значи правдата се врати на главниот влез на Основен суд 1 Скопје и сега може да очекуваме дувлото на партиските ургенции и наредби од надвор да се префрлат на теренот на правдата и да се расчисти со оние кои допринесоа до извештајот на Прибе.
И да биде и да не биде интересно е да се види и живее во ова време лудо за судството, а и адвокатурата ке се зајакне со адвокати од судската фела, а богами и од обвинителската.