Tuesday, September 19, 2017

Асиметрична закана

Македонија во континуитет е изложена на асиметрични закани кои произлегуваат од зачестеното манифестирање на етничка нетрпеливост, верска нетолеранција и екстремизам, кои создаваат плодно тло за радикализација, која може да доведе до тероризам. Поради тоа клучен предизвик е раното детектирање на можните закани во што голема улога треба да одигра Националната стратегија за справување со насилен екстремизам, тероризам, но и ресоцијализација на лицата кои што веќе учествувале во воените конфликти на Блискиот Исток.Учесниците на конференцијата едногласно посочуваат дека за ефикасна борба со тероризмот се потребни навремени превентивни мерки и идентификација на сите фактори кои водат кон радикализација на општеството.
„Владата на РМ формираше Национален координативен центар за борба против насилниот екстремизам и борба против тероризмот. Именувавме национален координатор и двајца заменици. Ова се првични чекори на јакнењето на капацитетите на државата, меѓуота многу важни чекори кои понатаму преку регионалната соработка, преку соработката со нашите пријателски служби ќе ја усовршуваме таа наша способност за борба против радикализацијата на луѓето, ресоцијализацијата, за спречување на било каков терористички облик“, изјави Оливер Спасовскиминистер за внатрешни работи.
Од РМ веќе имаме бројка која што е осудена, активна, била, се вратиле и некои сеуште престојуваат во со војна зафатените краишта на Блискиот Исток. Меѓутоа она што заплашува е присуството на регрутери и активности на регрутација , односно нивното врбување, индоктринација и подготовка за заминување, престој и нивното враќање. И уште полоша работа е индоктринацијата на младите луѓе, односно децата“
Приоритет на ОБСЕ е активна подршка на соработката помеѓу земјите од регионот. Изнаоѓањето решение на проблемот бара интердисциплинарен пристап, интензивна соработка и комуникација помеѓу безбедносните институции и државите од регионот. Проблемот е голем, а актуелните случувања во Европа покажуваат дека регионот не треба да се третира изолирано“, изјави Нина Суомалаинен, канцеларија на ОБСЕ- Скопје.