Tuesday, September 19, 2017

Тони Јакимовски падна и лапна

Тони Јакимовски заслужува да напишам за него новинар ли беше што ли беше едно време многу весници од него пишуваа уште од далечната 1993 година. Може новинар да бил ама за СБИР и за кадрите таму томови и томови одеа во весниците од новинарите.Се вистина и позитивно....
Ете бидна и тоа Тони Јакимовски експертот од Секторот за Безбедност и разузнавање на Министерството за одбрана кој премина кај Мијалков во МВР го тргнаа.Ние во Секторот не сме знаеле каков екперт сме имале на времето ама знаевме дека кој и да седне на големото столче во СБиР на МО почнувајки од Млекце , Мирко Атанасовски, Мијалков и други кадри дека прв имале чест да ги види Тони Јакимовски, да си продумаат и да добијат експертско мислење од овој кадар.
Едвај чекам да го видам по улиците на Скопје да го поздравам секако, тоа е само една мала работа за мене за таков кадар, а на судењата ке мора да си молчам и со задоволство да слушам како ке ја изнесе својатга одбрана, оти секој треба да се брани. не  како тој и Груевски Никола и Мијалков што не даваа да се бранат лугето туку навистина да се брани као е редот
Советот на СЕЛЕК едногласно со 11 гласа го разрешил Јакимовски од директорската позицијата на која беше назначен минатата година.Тони Јакимовски, второобвинет во случајот „Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство, денеска е разрешен од функцијата директор на СЕЛЕК - региоланалната мрежа за борба против криминалот со седиште во Букурешт
Делегација на МВР предводена од државниот секретар Магдалена Несторовска, на денешниот состанок ја образложила причината зошто Јакимовски треба да биде разрешен. Укажале дека по одлуката на Врховниот суд да му му го одземе пасошот, тој не може да присуствува на состаноците и да го води СЕЛЕК.
Тони Јакимовски, кој беше шеф на кабинетот на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, е обвинет од СЈО во случајот „Тврдина“ за уништување на системите со кои нелегално се прислушувало