Wednesday, August 23, 2017

Zolto KOmbence kaj Ivanov bilo

Поранешниот советник за безбедност во Амбасадата на Србија во Македонија Горан Живаљевиќ вечерва 23.08.2017 ги негираше тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека македонските институции не му дале одобрување да влезе во парламентот за време на инцидентот на 27 април.
- Моето присуство во Собранието не беше ни тајно, ни скришно. Мојата мисија не беше тајна, ниту недобронамерна, а згора не се, македонските служби беа упатени - изјави Живаљевиќ за Танјуг.
Тој потенцира дека за престојот во Собранието добил одобрение од советникот за безбедност на претседателот на Македонија, Синиша Алексовски.
- Тој човек ја знаеше причината зошто бев таму и за тоа беше информиран. Мојата мисија таму не беше тајна и беше добронамерна во однос на безбедноста на Македонија, а во контекст на соработката која ја имаме со безбедносните служби на Македонија - наведе Живаљевиќ.
Тој тврди дека во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ намерно се прескокнува инстанцата Претседател на Републиката, пренесува МИА.
- Моето пријавување за активност таа вечер, на 27 април, беше насочено на самиот кабинет на Претседателот и неговиот советник за безбедност - вели тој

Вучиќ вози Жолто комбе 3

Александар Вучиќ, во интервју за РТС потврди дека агентот на BIA  Горан Живаљевиќ на 27 април бил присутен во Собранието на Република Македонија. Е јас колку паметам Вучич разговараше со Иванов претседателот и решија ова прашање да го решат службите иако службите с епод демократска контрола на политиката и институциите. Ете кога дунстери од РМ договараат како да се реши проблемот и го ставаат под тепих сега излезе. 
И бегалецот Горан Грујовски може да е во Србија да се пазарел со информации за слобода но тоа  е Шпекулација која допрва ке излегуе на виделина.
Сепак, Вучиќ вели дека тој не бил пратен ниту од него, ниту од било кој од неговите претпоставени од Србија ,,Сакам да откријам нешто околу кое цело време молчевме. Тој Живаљевиќ не отишол во Собранието сам од себе, ниту ме прашал мене или прашал било кој од овде, иако нам мора да ни полага сметки. Тој ги прашал највисоките претставници на извршната власт во Македонија, највисококо раководство и рекол дека сака да биде таму. тие беа запознаени со неговото присуство таму,,
Rekoa  дека господинот Живаљевиќ е одговорен за она што се случи во Собранието. Им беше тешко да вовлечат Бугари, Грци и Албанци, и ајде да ги вовлечеме оние кои немаат никакви територијални претензии кон Македонија, и кои никогаш не направиле ништо против Македонија – рече Вучиќ.Тој рече дека неговото присуство во Собранието било искористено за хајка против Србија.
новата македонска власт побарала Живаљевиќ да биде повлечен од Македонија и дека тој решил да го повлече иако, како што рече, српската власт немала никаква вина за 27 април.
Стоиљковиќ
Во изјавата за агенцијата Спутник тој вели дека нема логика судот да издаде наредба за примена на ПИМ мерки за него, бидејќи поседува безбедносен сертификат.
Стоиљковиќ за српското издание на руската агенција Спутник најави дека ќе ги тужи македонските служби бидејќи го прислушувале заедно со српскиот разузнавач Горан Живаљевиќ и српскиот новинар Мирослав Лазански.
„Ако прислушувате пратеник и го ставите на таканаречени ПИМ мерки, морате да имате одлука на судот, а за да добиете одлука на судот, мора да дадете образложение. Не знам и не сум свесен какво образложение би можело да биде за јас да бидам прислушуван кога имам безбедносен сертификат“, вели Стоиљковиќ. Ако не постои таква судска одлука за мое прислушување, вели тој, тогаш ќе тужам и ќе барам отштета.
Порталот Нова ТВ вчера објави за врските на претставникот на српската разузнавачка агенција БИА и советник во српската амбасада во Скопје Горан Живаљевиќ и пратеникот Иван Стоиљковиќ. Во текстот пишува дека Стоиљковиќ бил човек од доверба и најверен соработник на Живаљевиќ во Македонија, а преку Лазански двајцата ја спроведувале медиумската пропаганда непосредно пред крвавите настани во македонскиот парламент на 27 април.
Живаљевиќ за време на настаните на 27 април бил снимен во собраниската зграда.

Tuesday, August 22, 2017

Жолто комбе врти 2


жолто комбе врти 2 е само продолжение на шпекулациите дека Горан Грујовски од Петта Управа избегал за Србиј а и побарал азил или побарал уточиште кај своите другари од ЈНА бидејки нели тој офицер на ЈНА е поранешна и потоа на АРМ.

И сега БИА да има информации кои им ги дала на политичарите да си тераат политика. Тоа  еголем Успех на БИА

Да не се пазарел како Сноуден овој Горан Грујовски да им даде на Србите све што може да им даде од 5 Управа на УБК на МАкедонија . Наравно за заштита.

Жолто комбе врти


Комбето оноа Жолто комбе кое го тепаше Груевски сега отишло за Белград или уште врти по Скопје . Ете тоа го натерало Српскиот вожд да ја повлече амбасадорката од Скопје на Консулатции.

Ете ако чадорот билл во Скопје со жолтото комбенце сега према Белград се врти.

Секој режим се расплакува по извесно време влаадеење. Те ова не е добро те оној не ме сака и слични керефеки. Такак и овој во Србија. така и во Македонија . Плачковци.

Сега треба да излезат уште некои документи во јавноста како потврда за најавите на Вучиќ и Дачич дали во Белград дали во Скопје и ете ти ЗАПЛЕТ 

Friday, August 4, 2017

АРШИНОТ НА ВМРО

Денеска ВМРО ДПМНЕ го јаде стапот околу одлуката на Апелацискиот суд околу прислушкуваните разговори во една од судските постапки на СЈО.Е па Никола и Антонио и другите сега може да го цитирате Законот, а кога се судеше аферата Шпион тогаш заборавивте на чл12 од ЗКП и упорно теравте сваровски судтвото да суди со незаконски стекнати докази, подметнати настани и без одобрение од суд снмени телефонски разговори.

Тоа што судиите од Македонското сваровски судство го направија на обвинетите во неколку големи афери вклучително и најмногу Аферата Шпион во која прислушкувани и снимени разговори незаконски бидејки нема одлука и решение од Врховен суд на Р.Македонија и таква не е издадена од Врховен судија за оваа афера. Согласно Закоот за следење на Комуникации таква е процедурата џза Кривични дела против државата во која Судија на Врховен суд има клучна одлука за Следење на Комуникации.Се извади СУдијата со соломонско решение дека не ги користел разговорите и следењето на комуникациите за да докажуе Шпионажа туку само Злосторничко здружување а СЈО го подржа ЈЕБОТЕ . Ех ех судијоооо судијооо....

Тука доаѓа до израз правната писменост односно неписменост на судиите и другите кои ја водеа акцијата се со намера да се наместат докази и подметнат невистини на секој од обвинетите посебно.

СЈО исто така направи неправда кон оваа судска постапка подрѓувајки незаконски прибавени докази од следење на комуникации . Тоа го направија смислено БИДЕЈКИ СЕГА НА ТАА ОДЛУКА НА апелација КЕ ГИ ТЕМЕЛАТ И СЕГАШНИТЕ одлуки на судовите. Е па ВМРО ДПМНЕ со свои постапки ке го јадете сега, а ПУЧ падна баш заради НЕЗАКОНСКО СНИМАЊЕ НА РАЗГОВОРИТЕодносно признанието на ЗАЕВ е незаконски снимено валјда ..

ЕВЕ ги реакциите до фронтмените а ВМРО ДПМНЕ

Судот не го издржа притисокот на СДС и не си ја исполни законската обврска судиите да одлучуваат само и само врз основа на Устав и на Закон и никако поинаку, истакна Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Што вели Законот по однос на употреба на материјали кои што можат или не можат да бидат сметани како докази?  Член 12, став 2 од Законот за кривична постапка вели дека доказите прибавени на незаконит начин, како и доказите произлезени од нив не може да се користат и врз нив не може да се заснова судска одлука. Нелегалното прислушкување на шпиони и разузнавачи , нелегалната операција за прислушкување на половина држава- политичари, бизнисмени и новинари, не може да биде озаконета затоа што е нелегална, без разлика на политичкиот притисок од СЈО или од СДС, додаде Милошоски.
И самите судии, додаде тој, кои ставиле потпис на ваква одлука многу добро го знаат Член 12, став 2 од Законот за кривична постапка.
-Нелегално стекнати материјали ниту можеле ниту можат да служат како докази во било која постапка. Кој се целите на СДСМ и нивните поддржувачи? Има две цели, првата цел е да се покрие криминалот сторен од Заев кој што е документиран на легален начин, а во криминалот тој бара поткуп од 200 илјади евра, а втората цел на СДСМ и СЈО и нивните блиски поддржувачи е да се дигне димна завеса во овој период кога Владата е неспособна да изгасне две депонии и десет пожари, кога Владата е неспособна да додели 100 илјади денари плата за лекарите специјалисти како што ветуваше, кога Владата е неспособна да склучи добар договор со Бугарија и кога Владата е неспособна за законски смени на директори во јавните претпријатија, па партизирањето го прави со брзање од ден на ден, вели Милошоски

Апелација потклекна под притисок на СДСМ: Со скандалозна одлука продолжува хајката против ВМРО-ДПМНЕ

Апелацискиот суд во Скопје денес донесе скандалозна одлука каква нема во судската пракса никаде во светот и во историјата на правосудството, а со која се укина решението на Основниот суд во Скопје со кое беше одлучено нелегално прислушкуваните материјали да не можат да се користат во постапка. Апелација со укинувањето на решението на Основен одлучи спротивно на закон и го прекрши чл. 12 ст.2 од законот за кривична постапка.„ Доказите прибавени на незаконит начин или со кршење на слободите и правата утврдени со Уставот на Република Македонија, законот и меѓународните договори, како и доказите произлезени од нив, не можат да се користат и врз нив не може да се заснова судската одлука. “ стои во чл.12 ст.2 од Законот за Кривична Постапка на Република Македонија.

Членот од законот е јасен и концизен и истиот не дозволува незаконски прибавени докази – односно докази кои не се прибавени во официјална кривична постапка – да бидат дел од постапка.
Оваа одлука е скандал и преседан од невидени размери и со ова се руши правниот систем, а граѓаните влегуваат во нова неизвесност – и сето тоа заради политичкиот интерес и притисок на СДСМ и нивните партнери, на кој потклекнаа судиите од Апелација.  Веќе никој не е сигурен дека нема да биде шпиуниран, следен, прислушкуван од агентите на Заев и Верушевски кои пак сега ги имаат и полугитена власта.
Прислушкувани разговори како законска категорија, спаѓаат во делот на посебни истражни мерки, за чија примена одлучува судија во претходна постапка по претходно барање на Јавен обвинител и со исполнети претходни претпоставки. Тие можат да бидат дел од кривична постапка само доколку се прибавени на горенаведениот начин. Се што е прибавено надвор од оваа со закон утврдена постпка се смета за противправен акт, а за секој противправен акт следува одговорност согласно закон.
Очигледно е дека судот  во изминатиов период се наоѓа под голем притисок од страна на СДСМ, кој првин вршеше притисок за ослободување од гонење на Зоран Заев, откако беше фатен жив како бара мито од 200.000 евра.  Откако ја завршија таа „мисија“, сега притисокот го насочија во политичка пресметка и хајка против ВМРО-ДПМНЕ  како партија и нејзини функционери, се со цел нарушување на угледот на партијата во очите на народот во пресрет на локалните избори.
Од ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати од партиски прес-конференции и изјави потенцираа дека за секое прекршување на законот ќе има правна одговорност по промената на власта и враќањето на правната држава.
„ Сите учесници во политичката хајки против ВМРО-ДПМНЕ треба да знаат дека власта не е дадена еднаш за секогаш и секоја незаконска одлука ќе биде ревидирана, а за прекршителите на законот ќе следи одговорност по промената на власта и враќање на правната држава и владеењето на правото во органите на власта“ , изјавија вчера од ВМРО-ДПМНЕ.

Судиите од Апелација направија кривично дело, им гарантираше ли некој дека нема да одат во затвор?

Согласно кривичниот законик, непочитување на правосилна судска одлука е кривично дело.Скандалозната одлука која денес ја донесе Апелациониот суд, а со која се укина решението на Основниот суд во Скопје со кое беше одлучено нелегално прислушкуваните материјали да не можат да се користат во постапка, е директно кршење на Законот за кривична постапка кој во член 12, став 2 е дециден дека
„Доказите прибавени на незаконит начин или со кршење на слободите и правата утврдени со Уставот на Република Македонија, законот и меѓународните договори, како и доказите произлезени од нив, не можат да се користат и врз нив не може да се заснова судската одлука.“
Но она што е дополнително важно во врска со целокупната незаконитост на оваа одлука на Апелација е дека за истиот предмет судија на претходна постапка веќе има донесено одлука која е потврдена од Кривичен совет и со која, токму според чл.12 став 2. на ЗКП е потврдено дека незаконски стекнатите материјали не може да се користат во судска постапка.
Согласно кривичниот законик, непочитување на правосилна судска одлука е кривично дело.
Прашањето кое е неминовно да се постави е дали некој им гарантираше на судиите од Апелација дека нема да одат во затвор носејќи ваква незаконска одлука, донесена под очигледен притисок на целата спрега на СДСМ и СЈО, а во функција на класичниот политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ