Да не го заборавам НИКОЛА на Велики четврток СИТЕ КЛЕТВИ МАКЕДОНСКИ ДА ГО ФАТАТ до 9 колено.
Арнаути да го закарат
Арам и катран да му стане.
Аир да немаш!
Аир и бериќет да не видиш!
Се смета дека клетвата достига до деветото колено. Ако не го стигне тој кому му е упатена ќе го стигне некој негов наследник
Да даде Господ…
Македонски клетви
- Аир да не видиш.
- Акнал та пукнал.
- Бапки да му излезат на очите.
- Бел ден да не видиш.
- Бујцата и чумата да го удрит, та да го откопачит.
- Буниште да го затрупа..
- Да ви умре најмилото.
- Да даде бог да ти се врзе јазикот, та збор да не зуцнеш, нем да оди довека.
- Да даде Бок на чивутин борчлија да бидеш.
- Да му умре козата на комшијата.
- Да се превртуваш во гробот.
- Да се скапи, огин да го изгори, се посакува смрт.
- Да те фане клечавицата (пролив).
- Децата да ти одат две напред три назад.
- За твое дете лек да нема, клетва за некој кој одбил да му помогне.
- Камен врз камен, дрво врз дрво, да не му остане, да му се растури куќата.
- Мома да не те земе, да е ерген цел живот.
- Оваа недеља млада невестица, до недеља млада удовица, догодина моја вереница.
- Оган да те изгори.
- Огин да го запале, вода да го однесе.
- Петел в куќа да не ти запее.
- Сега свадба правиш, догодина умрешка правиш, татко ја проколнал својата ќерка бегалка.
- Сите деца во еден гроб да ги стави, се посакува смрт на потомците, една од потешките клетви.
- Чума да те отепа.