Saturday, April 29, 2017

Србија 2017

Премиерот на Србија и избран претседател, Александар Вучиќ, 28 Април 2017  по седницата на Бирото за координација на службите за безбедност на Србија, посветена на ситуацијата во Македонија, порача дека Србија е мирна и стабилна, но и дека е подготвена да одговори на секој предизвик. Тој појасни дека се направени некои тактички промени на безбедносните сили и дека е подигната борбената готовност таму каде што треба.
Гостувајќи во Дневникот на РТС, Вучиќ рече дека ситуацијата во Србија е мирна и стабилна.
- Граѓаните треба да бидат мирни, бидејќи ја подигнавме борбената готовност на нашите единици каде што е потребно. Подготвени сме да одговориме на секој предизвик - рече Вучиќ.
Тој рече оти видел колку луѓето во Србија се исплашиле поради случувањата во Македонија и истакна дека Србија нема да дозволи прогон ниту истребување на дел на својот народ на која било територија.