Monday, June 26, 2017

Злото Груевски уплашен

Се крие злотворот нема муда да излезе и д аси ја брани партијата велат новинарските извешѕтаи и анализи. МУ С ЕТРЕСАТ ГАКИТЕ СЕ усрал ПА СМРДИ ОД ВОДНО ДО ЦЕНТАР. Нема капацитет да седне и да објасни туку се крие и мрси уда за некакви незаконитости во постапката. Кај нас во Македонија велат ако си маж излези и среди ја работата ама овој изгледа иа друга претстава за маж. 

Ја остава партијата да виси , а тој си ги продава соработнииците ги пушта низ вода да ги цепа СЈо на Катица а тој си молчи у дупката само да не влегуе у суд да се бори за правдата. Сака да се бори за правдата преку интернет и медиуи а полна му беше устата дека пред суд ке докаже што е вистина. И после следи таков лидер , лидер Уплашен кој нема храброст да седне и да  вид што е што и да се одбрани . Каков лидер тој во моите очи е плашливко , како оној од штрумфови срам за државата и семејството негово . како ги гледа децата у очи злотворот. 

а се кријат и тие неговите , а едно време толку храбри беа патриотите и беа господари на живот и смрт , а тие не патриоти ами лопови биле бре. И сега уплашени .....


Еве текст на  дојче веле го пренесуе Либертас, а го нема на курир. 


Но, „алката“ што недостига за да се да се завршат процесните дејства и да се подигне обвинителниот акт, бил фактот што до потребниот рок три осомничњени лица не ги добиле поканите за распит за овој случај: Никола Груевски, Мартин Протогер и поранешниот Генерален секретар на партијата, Кирил Божиновски.


http://www.libertas.mk/sjo-nema-da-podigne-obvinenie-za-talir/

Во законскиот рок од 18 месеци кој истекува на 30 јуни, СЈО нема да може да подигне обвинение за случајот „Талир“ од процесни причини, тврдат за ДВ извори во одбраната на осомничените во овој случај.
Станува збор за првата истрага на СЈО за кривичното дело „перење пари“ под името „Талир“, кое се однесува на финансирањето на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Во истрагата беа осомничени 14 лица, а првоосомничен беше лидерот на партијата, Никола Груевски. Според доказите до кои дошла истрагата, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ од 2009 до 2015 година спротивно на законските одредби овозможил финансирање на партијата заради зацврстување на политичката моќ во партијата и државата. Како што соопштија од СЈО во мај годинава, истрагата за овој случај била најобемна досега: од нивна страна биле спроведени околу 1.000 процесни дејства, сослушани над 260 сведоци, доставени 230 барања за податоци од правни лица, обезбедени над 11.000 уплатници од деловните банки, како и 300 страници анализиран материјал.
Но, „алката“ што недостига за да се да се завршат процесните дејства и да се подигне обвинителниот акт, бил фактот што до потребниот рок три осомничњени лица не ги добиле поканите за распит за овој случај: Никола Груевски, Мартин Протогер и поранешниот Генерален секретар на партијата, Кирил Божиновски.
Бидејќи тројцата досега не биле ниту еднаш запознати со истражните наоди на СЈО, Обвинителството не може да им испрати известувања со кои ќе ги повика да направат увид во доказите или да им даде препис од нив, по што и осомничените би имале рок од 15 дена да предложат прибирање други докази. Бидејќи остануваат само четири дена до истекот на рокот за подигнување обвинение, поради овие процесни причини случајот „Талир“ нема да стигне до судот.
Пресудија „непримените покани“
Од СЈО се недостапни за коментар околу ваквите наводи. Последен кој на 12 јуни беше повикан на распит за „Талир“, беше директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Иво Котевски, а три дена претходно Генералниот секретар на партијата и поранешен технички премиер, Емил Димитриев, пратеничката Даниела Рангелова и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески. На распит не дојде Никола Груевски, за кого беше речено дека не добил покана, а неофицијално и дека е надвор од земјата. Од СЈО тогаш изјавуваа дека неговото обезбедување со денови одбивало да ги прими поканите, но и дека нема да бараат стражарно приведување на оние кои одбиваат да ги примат поаните. По 16 јуни, тоа практично би бил и некорисен потег, бидејќи и по евентуалниот распит, не останува рок од 15 дена за испраќање известувања до осомничените и за одговор од нив.
Извори од одбраната не сакаат да коментираат дали „непримањето на поканите“ се покажало како клучна тактика за да се стави СЈО во временски теснец, односно пред свршен чин, но потенцираат дека „Обвинителството имало доволно време за ги заврши процесните постапки, а не да ги остава за последен миг“. Според нив, со ова е извесно дека постапката за овој случај ќе биде запрена.
Но, според правни експерти, кривичното дело „перење пари“ не застарува и со него може да се занимава и Обвинителството за гонење организиран криминал, доколку се обезбедат нови докази кои би можеле да бидат тригер за нова истрага, со која практично би биле опфатени истите осомничени.
Обвиненија за сите случаи?
„Талир“ не е единствениот случај во кој беше осомничен лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Тој е засегат и со случаите „Тенк“ (набавка на „мерцедес“), „ТНТ“ (уривање на „Космос“) „Траекторија“ (изградба на автопат), „Титаник“ (изборни измами). Неговиот братучед и поранешен директор на УБК, Сашо Мијалков е осомничен во случаите „Трезор“ (набавка на опрема за Петтата управа) „Тортура“ (апсењето на Љубе Бошкоски) „Таргет“ (незаконско следење на комуникациите) и „Тврдина“ (уништување на системите преку кои незаконски се прислушкувало).
Иако деновиве се очекува СЈО да соопшти за кои случаи ќе подигне обвиненија, веќе се шпекулира дека ќе бидат подигнати за сите, со ислучок на „Талир“. Најголеми меѓу нив според број на обвинети и според временскиот опфат на трањето на кривичните дела се „Титаник“ и „Таргет“. СЈО работеше и на случаите „Топлик“, „Тендери“, „Тарифа“, „Труст“, „Табла“, „Триста“, „Тотал“, „Тифани“, „Тревник“…
Досега СЈО подигна три обвиненија: првото за незаконско уништување на документација од системите на прислушување, второто за нарачаното насилство Центар (шамарите за градоначалникот Андреј Жерновски) и третото за случајот „Транспортер“, во кој градоначалникот на Битола, Владимир Талески, се товари за злоупотреби со превозот на ученици во Битола.
На 30 јуни истекува законскиот рок на СЈО од 18 месеци за подигнување обвиненија или за запирање на истражната постапка за првите предмети што ги презеде од Јавното обвинителство на 4 декември 2015 година, а кои беа комплетирани на 30 декември, кога СДСМ на СЈО му ги ги предаде и снимките од незаконски следените комуникации.
Според ставот 3 од членот 1, Законот за СЈО ќе биде на сила пет години од усвојувањето од страна на Собранието, и може да се продолжува со двотретинско мнозинство од пратениците.