Friday, June 30, 2017

Malku e na Gruevski

Malku e za Gruevski i negovite koi kako gospdari na zivot i smrt vo Makedonija zacrnija mnogu semejstva. Malku e ova ...Pravdata do 6 koleno ke gi sledi site tie oti ne e SJO kako gospod.

Eve sto rece kriejki se zad partija, drzava i zad nekakva si negova iluzija za VMRO kako partija samo na edni makedonci .....

Tie go slushaa go vozdigna vo gospod bog,dzebot mu go napolnija  egoto mu go napolnija do daska i seg atoj gi ostava da se borat sami. Da se borat samoo vo odnapred izgubena bitka..

Како никогаш досега во историјата на Република Македонија, па не и на цела Европа не се случило вакво класично политичко гонење на политичките противници. Стотина лица кои се дел од органите или поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ се гонети со цел партијата да се уништи или замолкне, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на денешната прес-конференција.

Не постои ниту еден историски пример за вакво нешто. Тоа што го зборувавме, тоа и се случи. Станува збор за политички, а не за правен процес. СЈО одамна ја загуби непристрасноста и кредибилитетот во својата работа и стана инструмент за политички прогон, СЈО не е обвинителство, СЈО е канцеларија на СДСМ. Најголем показател дека е политички процес кој има политичка цел е тоа што носи одлуки без никакви правни докази. Процесот е политички, а не правен. Таков политички процес треба да финишира со политика, а не правна цел. Целта е ВМРО, целта е кршење на ВМРО, политичка елиминација и ставање под контрола за поголеми цели кои се потребни за оној кој го креираше целиот овој процес. Таргетот е ВМРО, сите случаи се против ВМРО, кршење на ВМРО за слабеење на Македонија, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој им порача дека нема да успеат и нема да ги скршат.
-Ние остануваме на бедемот на државата. Во овој процес како никаде на друго место нападнати и обвинети се и судии заради слободна судска одлука, како и членови на ДИК на чии одлуки имало можности и за жалби, како и за новинари затоа што критички ги опсервирале. Преседан од невидени размери, но целта е да се заплаши судството, да се заплашат судиите, да одлучуваат во корист на целите на СДСМ и нивниот инструмент СЈО, како и да се заплашат новинарите и целиот народ. Нашиот грев е што цели 11 години бевме на браникот на одбрана на државните и национални интереси на Македонија, што оддолеавме на многу притисоци и закани поврзани со името на државата, името на нацијата и јазикот, со идентитетот на македонскиот народ, што одолеавме на неприфаќање на потпишување на разни штетни за нашата нација договори или пак спроведување на платформи на туѓи држави, што се боревме за унитарноста на нашата држава, што се боревме да ја задржиме државата како што ја сака народот, а не како некои други што ја посакуваат. И што некој друг прифатил поинаку, и што не знаел како тоа да го изведе при силна и цврста ВМРО-ДПМНЕ со над 170.000 членови и 455.000 гласачи, рече Груевски.
Повтори дека ова што се случува во Македонија го нема никаде во светот.
-Ова е срамен и кукавички чин. Свесни се дека тоа што се обврзале да го прават пред нивните налагодавци нема да остане премолчено од ВМРО-ДПМНЕ, посегнаа на ваков најбрутален начин да се пресметуваат со нас, откако претходно работеа на создавање на подлога. Како е можно да кажат дека за Талир имаа само еден месец, кога имаа најмалку 18. Што правеа во изминатите 18 месеци. Водени се од омраза, гнев и обврските од налагодавачите, но ова нема така да помине, и ако мислат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го преспие ова, длабоко се излажале. Сакам да објавам дека конструктивноста кои некои ја нарекува попустливост  во нашето делување завршува денес. Сега е време историјата да оценува и да суди. Зошто ние се плашиме само од судот на историјата, потенцира Груевски.
Нагласи дека СЈО ќе биде после некое време оној дел од историјата од кој ќе се срами секој кој што ја сака оваа држава.
-Овде очигледно не е само Никола Груевски во прашање, туку во прашање е една идеја за Македонија, силна, цврста  и самостојна  која сакаат да ја скршат и се спремни на се заради тоа. Врхушката на СДС разјарени и полни со омраза се ситат на ова, но брзо ќе дојде денот кога ќе сфатат дека кругот се врти и продолжува да се врти и многу лесно од горниот дел можат да се најдат во долниот дел на кругот. Она што дополнително загрижува се информациите дека раководството на СДС било во постојана комуникација со неколку од обвинителите и ги координирале заеднички сите нивни активности. Затоа и е јасно зошто секогаш кога Заев ќе направи сериозен гаф или круг на политичка грешка СЈО се јавува со некој спектакл, рече Груевски.
Подлогата која ја создаваа нивните медиуми, рече претседателот на партијата, беше само дополнителен декор во амбиентот ВМРО-ДПМНЕ да се прикаже како некакво злосторничко здружување.
-А всушност иднината ќе докаже дека СДСМ е тоа, и дека делува на криминален и организиран начин со цел рушење на државните  и националните интереси, и ние ќе направиме максимум да се докаже тоа, рече Груевски.
Посочи дека тие на најгруб начин се обидуваат да наместат цела една гарнитура од околу стотина лица од ВМРО-ДПМНЕ.
-Ова е класична политичка и антимакедонска конструкција и иднината тоа ќе го докаже, како што ќе се докаже историската одговорност која ја носат сите овие лица кои сега јаваат на бранот на еуфоријата, мислејќи дека времето почнува и завршува со нив, и дека вечно ќе им трае ова ситно задоволство, истакна Груевски.

Wednesday, June 28, 2017

Екселент за НАТО

Пред состанокот на НАТО, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг објави дека трошоците за одбраната во Алијансата се очекува да пораснат за 4,3 отсто во 2017 година. "Тоа е три последователни години за забрзување на одбраната. Ова значи дека во текот на последните три години европските сојузници и Канада потрошија речиси 46 милијарди американски долари повеќе за одбраната ", рече тој.

За да помогне во борбата против тероризмот, НАТО сега е целосно интегрирана во структурите за споделување информации и донесување одлуки на Глобалната коалиција за пораз на ИСИС.

 "Ние веќе ја засиливме нашата поддршка со повеќе време за летање и споделување на информации од страна на нашите авиони за надзор на АВАКС", рече Столтенберг.

Во седиштето на НАТО, новата хибридна филијала и теренот за разузнавање се оперативни, а заменик-генералниот секретар на НАТО, Рос Готомелер, ќе ги координира напорите за борба против тероризмот на Алијансата.

Утре 29. јуни 2017 , генералниот секретар, исто така, ќе го презентира извештајот за напредокот за соработката меѓу НАТО и ЕУ на министрите. Ова поставува како НАТО и ЕУ ја интензивираат соработката за прашања кои се движат од еластичност до хибридни закани. 

Министрите за одбрана, исто така, ќе разговараат за патот напред во Авганистан, вклучувајќи ги и идните нивоа на војници.

Monday, June 26, 2017

Злото Груевски уплашен

Се крие злотворот нема муда да излезе и д аси ја брани партијата велат новинарските извешѕтаи и анализи. МУ С ЕТРЕСАТ ГАКИТЕ СЕ усрал ПА СМРДИ ОД ВОДНО ДО ЦЕНТАР. Нема капацитет да седне и да објасни туку се крие и мрси уда за некакви незаконитости во постапката. Кај нас во Македонија велат ако си маж излези и среди ја работата ама овој изгледа иа друга претстава за маж. 

Ја остава партијата да виси , а тој си ги продава соработнииците ги пушта низ вода да ги цепа СЈо на Катица а тој си молчи у дупката само да не влегуе у суд да се бори за правдата. Сака да се бори за правдата преку интернет и медиуи а полна му беше устата дека пред суд ке докаже што е вистина. И после следи таков лидер , лидер Уплашен кој нема храброст да седне и да  вид што е што и да се одбрани . Каков лидер тој во моите очи е плашливко , како оној од штрумфови срам за државата и семејството негово . како ги гледа децата у очи злотворот. 

а се кријат и тие неговите , а едно време толку храбри беа патриотите и беа господари на живот и смрт , а тие не патриоти ами лопови биле бре. И сега уплашени .....


Еве текст на  дојче веле го пренесуе Либертас, а го нема на курир. 


Но, „алката“ што недостига за да се да се завршат процесните дејства и да се подигне обвинителниот акт, бил фактот што до потребниот рок три осомничњени лица не ги добиле поканите за распит за овој случај: Никола Груевски, Мартин Протогер и поранешниот Генерален секретар на партијата, Кирил Божиновски.


http://www.libertas.mk/sjo-nema-da-podigne-obvinenie-za-talir/

Во законскиот рок од 18 месеци кој истекува на 30 јуни, СЈО нема да може да подигне обвинение за случајот „Талир“ од процесни причини, тврдат за ДВ извори во одбраната на осомничените во овој случај.
Станува збор за првата истрага на СЈО за кривичното дело „перење пари“ под името „Талир“, кое се однесува на финансирањето на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Во истрагата беа осомничени 14 лица, а првоосомничен беше лидерот на партијата, Никола Груевски. Според доказите до кои дошла истрагата, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ од 2009 до 2015 година спротивно на законските одредби овозможил финансирање на партијата заради зацврстување на политичката моќ во партијата и државата. Како што соопштија од СЈО во мај годинава, истрагата за овој случај била најобемна досега: од нивна страна биле спроведени околу 1.000 процесни дејства, сослушани над 260 сведоци, доставени 230 барања за податоци од правни лица, обезбедени над 11.000 уплатници од деловните банки, како и 300 страници анализиран материјал.
Но, „алката“ што недостига за да се да се завршат процесните дејства и да се подигне обвинителниот акт, бил фактот што до потребниот рок три осомничњени лица не ги добиле поканите за распит за овој случај: Никола Груевски, Мартин Протогер и поранешниот Генерален секретар на партијата, Кирил Божиновски.
Бидејќи тројцата досега не биле ниту еднаш запознати со истражните наоди на СЈО, Обвинителството не може да им испрати известувања со кои ќе ги повика да направат увид во доказите или да им даде препис од нив, по што и осомничените би имале рок од 15 дена да предложат прибирање други докази. Бидејќи остануваат само четири дена до истекот на рокот за подигнување обвинение, поради овие процесни причини случајот „Талир“ нема да стигне до судот.
Пресудија „непримените покани“
Од СЈО се недостапни за коментар околу ваквите наводи. Последен кој на 12 јуни беше повикан на распит за „Талир“, беше директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Иво Котевски, а три дена претходно Генералниот секретар на партијата и поранешен технички премиер, Емил Димитриев, пратеничката Даниела Рангелова и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески. На распит не дојде Никола Груевски, за кого беше речено дека не добил покана, а неофицијално и дека е надвор од земјата. Од СЈО тогаш изјавуваа дека неговото обезбедување со денови одбивало да ги прими поканите, но и дека нема да бараат стражарно приведување на оние кои одбиваат да ги примат поаните. По 16 јуни, тоа практично би бил и некорисен потег, бидејќи и по евентуалниот распит, не останува рок од 15 дена за испраќање известувања до осомничените и за одговор од нив.
Извори од одбраната не сакаат да коментираат дали „непримањето на поканите“ се покажало како клучна тактика за да се стави СЈО во временски теснец, односно пред свршен чин, но потенцираат дека „Обвинителството имало доволно време за ги заврши процесните постапки, а не да ги остава за последен миг“. Според нив, со ова е извесно дека постапката за овој случај ќе биде запрена.
Но, според правни експерти, кривичното дело „перење пари“ не застарува и со него може да се занимава и Обвинителството за гонење организиран криминал, доколку се обезбедат нови докази кои би можеле да бидат тригер за нова истрага, со која практично би биле опфатени истите осомничени.
Обвиненија за сите случаи?
„Талир“ не е единствениот случај во кој беше осомничен лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Тој е засегат и со случаите „Тенк“ (набавка на „мерцедес“), „ТНТ“ (уривање на „Космос“) „Траекторија“ (изградба на автопат), „Титаник“ (изборни измами). Неговиот братучед и поранешен директор на УБК, Сашо Мијалков е осомничен во случаите „Трезор“ (набавка на опрема за Петтата управа) „Тортура“ (апсењето на Љубе Бошкоски) „Таргет“ (незаконско следење на комуникациите) и „Тврдина“ (уништување на системите преку кои незаконски се прислушкувало).
Иако деновиве се очекува СЈО да соопшти за кои случаи ќе подигне обвиненија, веќе се шпекулира дека ќе бидат подигнати за сите, со ислучок на „Талир“. Најголеми меѓу нив според број на обвинети и според временскиот опфат на трањето на кривичните дела се „Титаник“ и „Таргет“. СЈО работеше и на случаите „Топлик“, „Тендери“, „Тарифа“, „Труст“, „Табла“, „Триста“, „Тотал“, „Тифани“, „Тревник“…
Досега СЈО подигна три обвиненија: првото за незаконско уништување на документација од системите на прислушување, второто за нарачаното насилство Центар (шамарите за градоначалникот Андреј Жерновски) и третото за случајот „Транспортер“, во кој градоначалникот на Битола, Владимир Талески, се товари за злоупотреби со превозот на ученици во Битола.
На 30 јуни истекува законскиот рок на СЈО од 18 месеци за подигнување обвиненија или за запирање на истражната постапка за првите предмети што ги презеде од Јавното обвинителство на 4 декември 2015 година, а кои беа комплетирани на 30 декември, кога СДСМ на СЈО му ги ги предаде и снимките од незаконски следените комуникации.
Според ставот 3 од членот 1, Законот за СЈО ќе биде на сила пет години од усвојувањето од страна на Собранието, и може да се продолжува со двотретинско мнозинство од пратениците.

Friday, June 23, 2017

ZNM Sloboda za novinarot Zoran

дружението на новинари на Македонија (ЗНМ) инсистира новинарот Зоран Божиновски да се пушти од притвор и да му се овозможи да се брани од слобода. Од здружението порачуваат дека долгиот притвор веќе не е во функција на судскиот процес, туку се претворил во своевидна казна за новинарот.
„Го повикуваме обвинителот Златко Биковски да го повлече барањето за притвор, а судијата Ленка Давиткова веднаш да го укине притворот. Долгиот притвор на Божиновски повеќе не служи за ефикасно одвивање на судскиот процес, туку прераснува во казна. Да се држи во притвор новинар речиси три години, во екстрадиционен притвор во Србија и во притвор во Македонија, е апсолутно незабележана практика во слободни и демократски земји“, се вели во барањето од ЗНМ.
Новинарското здружение порачува дека ослободувањето на Божиновски ќе ја одвои Македонија од групата на авторитарните земји во Европа, како што е Турција, Русија и Азербејџан, и ја повика новата влада да се заложи за ослободување на новинарот.

Friday, June 16, 2017

KADRI VO UBK


Владата денеска по препорака на МВР одлучи за нов директор на Управата за безбедност и контраразузнавање го назначи Горан Николовски, а Лазо Велковски е нов директор на Бирото за јавна безбедност.
Горан Николовски е вработен во Управата за безбедност и контраразузнавање. Со години е началник на Одделот за контраразузнавање за земјите од Балкан.

Лазо Велковски бил долги години вработен во МВР. До формирањето на техничката Влада работел во Агенцијата за разузнавање
Ајде ајде нови кадри од фелата. Ја сум за политичари да бидат директори, а овие ваквите екперти да си ја работат занаетчиската работа. Експерти треба кратко да ја постават работат, а потоа политичар треба . Не како Мијалков бизнисмен туку политичар. Немаше ли Заев некој БРАТУЧЕД оти братучедите ја средија службата

Wednesday, June 14, 2017

Пенетрација на Русите





Извор од НАТО за ДВ потврди дека алијансата има свои докази за руски обиди да се маргинализира македонскиот напредок.


http://www.dw.com/mk/


Ова е мала потврда дека Русите ПЕНЕТРИРАЛЕ во кабинетот на ВМРО ДПМНЕ и влегле во глаата на Извршната , а богами и законодавната власт. Во главата на Претседателот тие се одамна изгледа пенетрирани.

Ете НАТО знаел велат новинсите извешта и дојче веле  и јас помогнав ,малку да прочитаме.



Saturday, June 10, 2017

APIS

 Ujedinjenje ili smrt, koje je bilo poznato i pod imenom Crna ruka.

Thursday, June 8, 2017

Груевски и МАЃАРИТЕ

http://kurir.mk/makedonija/vesti/foto-gruevski-na-raboten-sostanok-so-orban-i-desnicharskite-partii-od-balkanot/

ФОТО: Груевски на работен состанок со Орбан и десничарските партии од Балканот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска присуствуваше на работен состанок со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан и со десничарските партии од Балканот.

Се секавате ли на Аферата Шпион за која весниците тврдеа дека се Шпиунирало за Унгарија и така нешто. Ме мрзи да пребаруем ама сега со Орбан владетелот на Унгарија кој и во аферата имал иста функцинја премиер и Носител на орден за Македонија одликуван од Георге иВанов. Ако некој организирал Шпунажа нели е непријател на Македонија ..

Monday, June 5, 2017

Здраво друже председниче

Здраво друже председниче на Балканската Федерација за која гласаа Македонците 1992 година независна со право да се приклучи беше отприлика .

Ете председниче и тоа доживеавме од тебе. Со право албанците не те гласааа ати сепак си председник. Србите те гласале ама твојата политика со ВМРО излегуе полека полека и сигурно.

Председниче терај само тии ама не ѕти ја бива таа политика да седиш на две столчиња. НАТО не дава такви превртливи политики.

Бирај политика и драго ми е конечно дека АЛБАНЦИТЕ БИЛЕ ВО ПРАВО кога те бојкотираа и тие се бранаат иоваа Македонија да не застарни кон некои политики на руската политика. Затоа председниче ЗДРАВО.

Ако не си прочитал читак Гардијан на Македонски како излегува ВИСТИНАТА

Јас со кеиф прочитав и кај мене ПРЕЗИРОТ кон твојата политика е уште поголем.

п.с КОЈ ГО БОЛИ ТОА ШТО ТИ СИ МУ РЕКОЛ НА АЛБАНЕЦОТ некаква твоја ВИСИНА и тоа силно и со ВУЧИЌ заедно кој те искористи да поентира за своја Србија и на твој грб ке си тера во Брисел преговори за КОСОВО. Не ли ти кажа дека политиката НЕ ДАМО КОСОВО ја ЗАМЕНИЛ со ДАМО КОСОВО ДОБИЈЕМО МАКЕДОНИЈУ.

.

Friday, June 2, 2017

Miki Nosonja

Vo pomen na eden od najgolemite pukovnici od Kumanovskata dolina na vremena rabota vo Belgrad, prerano pocinat heroj i moj prijatel i drugar Ljupce Lazarvski Gulinac pukovnik. Deneska na ovoj den da se setime na ovoj covek koj za Makedonija ima zaslugi poveke od eden bataljon oficeri vo ARM.

inaku vo filmot Vratice se Rode sekako MIKI NOSONJA ...Citaj brate i gledaj.


Padna lupezot i bratucedite

Bajaga od Filmot Profesinalec- Dusan Kovacevic

JA TE PRATIM
U RUCI MI STRELA
UBICU TE KAO ZECA e tekstot na ovaa pesna od vremeto na diktatorot MIlosevik vo Srbija .


Свети животот, ЗЛОТО се притаи

Силно светнал ден над Македонија и се потсетив на Рацин...

Се кати ноќта црна!
Се рути карпа - мрак!
И петли в село пеат
и зората се зори -
над карпа в крв се мие
и темнината пие
силно
светнал
ден!


КОПАЧИТЕ


Се к'ти ноќта црна!
Се р'ти карпа - мрак!
И петли в село пеат
и зората се зори -
над карпа в крв се мие
и темнината пие
силно
светнал
ден!

Пробудете се морни
копачки и копачи -
на трудот
црн
народ!
Со мотика на рамо
за корка сува леб,
по патиштата стрмни,
по полињата рамни,
у вивналиов ден -
да тргнеме и ние
страдалници од век!

На деда Богомил
земјата ровка, мека,
набабрена за род,
со страдна душа чека
ударите ни јаки
со мотиките остри
по троскот
пелин
трат!

На работа!
На труд!

Да прокопаме меко
полињата родни
афион, тутун, житце
да родат благородни.

И по кривите вади
да пропуштиме води
за оризите млади
и зелени лободи.

На работа!
На труд!

Да роди род богат!
Да бликне живот млад!
На пепел троскот, пелин
во огин пламен јад!
Жилите да пуштат
корења длабоко
плодови да бликнат
високо, високо
слободно
на воздух!

Ораме со рало
но земјата ни златна
колку е богата!

На пепел троскат, пелин!
Во огин пламен јад!

Да престане, да снема
тагата голема
за голиот живот
на човек
станал -
скот.

И в таја мугра пресна
да екне дружна песна
на дружните удари -
та бијат срца млади
и растат силно гради
пребликнати со јад!

Од сички маки тешки
не видовме бел ден,
а од солзи жешки
не стануе меден
нашиот живот!

На работа!
На труд!

Та не сме саде ние
та не сме саде тука -
ние сме по цел свет
безбројни
милиони,
на трудот
црн -
народ!

Да биде честит денот
и првата ни стапка
у првиот ни век!
Ќе мине силен ек
ќе б'сне сонце златно -
по секаде на светот
ќе згине срамно гнетот -
ќе л'сне живот нов!

И реки ќе потечат
и бреме ќе одвлечат
на вековита смрт!
Реките од живи
и пробудени сили
на копачи
копачки
и страдни
голи
гладни
по целата земја!

Се кати ноќта црна!
Се рути карпа - мрак!
И петли в село пеат
и зората се зори -
над карпа в крв се мие
и темнината пие
силно
светнал
ден!

Thursday, June 1, 2017

AUT

Русија си замина од Македонија и ја протераа од Црна Гора и ке си остане во Србија најверојатно. 

Така НАТО извојува уште една голема победа над Руската Федерација на теренот на тајните служби.

Ете тоа се случи денеска во Македонија и не се случи ни живот ни соживот ни ништо. Ова се случи во Македонија оти Никола Груевски и ВМРО сигурно застраниле мноогу кога НАТО влегол во ваков аранжман.

И затоа глеам од говорот на Никола во парламентот дека е свесен за таа работа и кои се лугето од неговата политичка коалиција и неговата партија и неговото опкружување од такозвана елита на ВМРО новинари бизнисмени професори и државни службеници.